Хрватите и простија на ХДЗ – Китаровиќ победи на претседателските избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Две години откако партијата беше осудена за криминал, кандидатот за претседател на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ  победи на претседателските избори во Хрватска. Со разлика од околу 20-тина илјади гласа, Китаровиќ го победи противкандидатот, актуелниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ и ја врати ХДЗ на политичката сцена, со оглед на тоа што иако, претседателската функција во Хрватска е главно церемонијална, аналитичарите на нејзината победа гледаат како на барометар за расположението на граѓаните пред парламентарните избори што треба да се одржат годинава.

Победата на 46 годишната Китаровиќ и покрај наредните неколку месеци на кохабитација со социјалдемократската влада многу ги зголеми шансите на нејзината опозициска Хрватска демократска заедница да се врати на власт.

„Ќе ги решаваме отворените прашања со нашите соседи и ги повикувам на дијалог и да престанеме овие прашања да ги криеме под килим. Ќе работам за Хрватска и нема да дозволам некој да вели дека Хрватска не е просперитетна земја“, изјави Китаровиќ во говорот по изборната победа.

Таа оцени дека нејзиниот претходник Јосиповиќ не сторил ништо за да го запре економскиот пад на земјата и бил премногу попустлив спрема Србите и оти членството на Србија во Европската унија мора да биде условено од Хрватска.

„Србија е наша соседна и пријателска држава. Но, таа треба да исполни неколку услови што ги имавме и за нашиот влез во Унијата“, рече Колинда Грабар Китаровиќ, која претходно беше шефица на хрватска дипломатија, амбасадор во Вашингтон и помошник на генералниот секретар на НАТО.

Со своите први изјави Китаровиќ јасно даде до знаење  во кои политички рамки ќе се одвива нејзиното дејствување, а за да нема забуни, таа беше и дополнително прецизна, порачувајќи дека ќе ги води граѓаните на Хратска по патот по којшто ги водеше еден од основачите на ХДЗ, првиот претседател на независна Хрватска – Фрањо Туѓман, за многумина еден од најголемите виновници за крвопролевањата на просторот на поранешна Југославија.

Инаку, со првостепената пресуда за најголемата корупциска афера во Хрватска „Фими медиа“, поранешниот премиер Иво Санадер од редовите на ХДЗ беше осуден на 9 години затвор за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружувае.  Жупанискиот суд во Загреб ги прогласи за виновни и останатите обвинети опфатени со предметот, меѓу кои и некогаш владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ), што за прв пат беше случај партија да се најде на обвинителна клупа. Тие неправосилно се осудени под обвинение за извлекување на околу 10 милиони евра од државни претпријатија и институции преку маркетиншката фирма „Фими медиа“. Најголемиот дел од парите наводно завршил во „црн фонд“ на ХДЗ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×