Хрватите најмногу од сите граѓани на ЕУ трошат за храна
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Хрватските домаќинства 30% од буџетот трошат за храна, 16% за режиски трошоци, а во западните земји храната одзема помалку од 10%, додека режиските трошоци во кои влегуваат сметките за струја, вода, парно, интернет …, поправките и редовното одржување на домот, и до 30%.

Најголеми режиски трошоци имаат Данска, Финска и Велика Британија, каде на секои стотина потрошени евра, 30 се во некоја од овие ставки, објави Евростат врз основа на просечните цени во 2016 година.

Хрватска е рекордер по трошоците за храна со споменатите 30% од семејниот буџет, додека домаќинствата на најразвиените членки на ЕУ за храна одвојуваат одвај 7 до 10% од буџетот, а најголем поединечен трошок им се режиските трошоци.

Домаќинствата во ЕУ за режии лани одвоиле 2.400 милијарди евра (односно 16,4% од вкупниот БДП). Режиите во последното десетлетие забележале најзначаен раст како трошоци – од удел од 22,7% во 2006 година, на 24,5% во 2016.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×