Хрватите од БиХ побараа нов Дејтон и федерализација на државата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Хрватскиот народен сабор (ХНС) во Босна и Херцеговина (БиХ) на седницата одржана во саботата усвои декларација со која се бара свикување на нова меѓународна конференција за БиХ и федерализација на земјата, со цел Хрватите да остварат рамноправност.

Декларацијата која предвидува уставни промени, доби едногласна поддршка од сите преставници на ХНС, но декларацијата добила и поддршка од официјален Загреб и сите политички партии од Хрватска, од претсавници на Католичката црква, академската заедници и културно-научни институции.

Во Декларацијата се истакнува дека и по 20 години од Дејтонскиот договор, БиХ е неостварена држава која не ги задоволува интересите на народите и граѓаните кои живеат во неа и дека Хрватите кои живает во БиХ се во дискриминирана положба. Заради тоа е побарано свикување на меѓународна конференција на која би се донел нов устав, кој би донел до преуредување на земјата и наместо досегашните два ентитета, да се формираат повеќе федерални единици согласно очекувањата на трите конститутивни народи, Хрвати, Бошњаци и Срби.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×