Хрватите, Унгарците и Бугарите најслаби потрошувачи во Европската Унија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Луксембург и Германија се далеку над европската просечна потрошувачка по глава на жител, покажува Евростат.
еуростатСпоред проценката на Евростат, во 2018 година, Хрватска Унгарија и Бугарија се групата земји на ЕУ со најниско ниво на потрошувачка по глава на жител.
Хрватска, заедно со Унгарија и Бугарија, прави група од три земји на ЕУ со потрошувачка по глава на жител во 2018 година, повеќе од 30 % пониски од европскиот просек.
Според овие проценки на Европската агенција за статистика, минатата година, како и во 2017 година, само во 10 земји на ЕУ куповната моќ на домаќинствата беше над просекот на Унијата.
Од Еуростат, повторно ги нагласија големите разлики помеѓу земјите.
Највисокото ниво на реална потрошувачка по глава на жител – AIC, изразено во паритетот на куповната моќ – PPS, во 2018 година е регистрирано во Луксембург, 32% над просекот на ЕУ.
Следна е Германија со стандард за 20% над просекот на ЕУ.
Во следната група се Австрија, Данска, Велика Британија, Холандија, Финска, Белгија, Шведска и Франција, чија фактичка потрошувачка по глава на жител по ППС се движи од околу 5-15% над просекот.
Италија пак има потрошувачка по глава на жител 2% под европскиот просек.
Во Ирска, Шпанија, Литванија и Кипар, потрошувачката по глава на жител беше до 10% под просекот на ЕУ во 2018 година.
Чешката Република, Португалија и Малта се група земји со потрошувачка по глава на жител помеѓу 10 и 20% пониски од просекот на ЕУ.
Полска, Словенија, Словачка, Грција, Естонија, Латвија и Романија, од 20-30% пониска потрошувачка од просекот на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×