Хрватот Мате Римац од Станфорд најави ширење на бизнисот во светот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

мате римацМате Римац, или европскиот Илон Маск како што го нарече европскиот сајт Politico.eu и го рангираше меѓу највлијателните луѓе во Европа, на еден од најпрестижните универзитети во светот, Станфорд, ја престави визијата за својата компанија, пренесува Poslovni.hr.  

На прашање од студентите од овој факултет – дали наскоро ќе ја сели компанијата од Хрватска – тој го одговори следново:

„Ќе отвориме канцеларии низ светот, но се уште сакам да останам во Хрватска, оти мислам дека е можно и сакам да покажам дека тоа е можно. Знам дека тоа не е најлесен пат, сигурен сум во тоа, но некој мора да го направи и тоа“, рече тој.

Како што пишува хрватска РТЛ, во следната година Римац планира да вработи и нови стотина работници, воглавно инженери.

„Мислам дека доста голема работа е да се предава на Станфорд, а особено голема чест ми е што на предавањето имаше вработени од Tesla и од Google и сите беа многу позитивни, добив многу визит картички, и јас поделив свои, па се надевам дека ќе биде нешто од тоа“, додаде Римац.

Инаку, хрватот Мате Римац е човекот кој го измисли најбрзиот електричен автомобил на светот Concept One.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×