Хрватска апликација го освојува светот: како Матија Жуљ и неговиот стартап „Агриви“ направија дигитален мозок за секоја фарма
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

agrivi

„Агриви“ пред пет години бил само идеја, проект произлезен од страст. Матија Жуљ, основачот и неговиот колега го лансирале овој стартап од мала канцеларија од 11 квадрати. Денес имаат повеќе од 40.000 клиенти во 150 земји од светот, меѓу осумте најсилни играчи се на планетава во делот на земјоделските апликации (останатите седум доаѓаат од САД), а постојано отвораат свои канцеларии во Европа и пошироко, со што го исполнуваат својот план за глобално позиционирање. Пред некој месец отворија претставништва и во Латвија и Литванија, а претходно и во Полска. Големите пазари како Франција, Германија и Италија први беа покриени со канцеларии.

Производот на „Агриви“ е апликација што со помош на низа алгоритми и стручно знаење, во реално време, на конкретна локација, ги води низ потребните постапки сите што се бават со производство на храна – од сеидба, до берба, односно, жетва. Поедноставно кажано, „Агриви“ е дигиталниот мозок на една фарма. Апликацијата дава know – how за производителите за с$, од менаџмент на посевите, преку планирање на сезоната, материјалите и вработените.

Амбиција: Агриви да стане доминантен софтвер за агробизнис во ЕУ

А, дневно, производителот во апликацијата мора да помине само три минути. Останатото го прави алгоритамот. „Агриви“ нуди база на знаење на најдобрите производни процеси за повеќе од сто различни земјоделски култури, а во работата апликацијата користи машинско учење (machine learning) и анализи на огромни бази податоци (big data). Првиот клиент на компанијата бил производител на јаболка од Осијек, а нивниот најголем поединечен клиент, од САД, управува со 20 илјади хектари земјиште. Дома, во Хрватска, поголеми клиенти на „Агриви“ се „Подравка“ и „Франк“, а штотуку потпишаа договор и со „Петрохемија“ од Кутина, “родното место“ на „Агриви“ . „Петрохемија“ е единствената хрватска фабрика за минерални ѓубрива, а „Агриви“ ќе им изгради дигитална платформа за потребите на фабриката во процесите на производство, теренски испитувања и примена на производите во земјоделството.

Досега „Агриви“ е финансиран од повеќе приватни инвеститори и фондови, а меѓу нив и регионалниот венчр капитал фонд South Central Ventures со инвестиција од еден милион евра. На светскиот натпревар на стартапи во Сеул во 2014-та година освоија прва награда, а две години подоцна во В. Британија беа прогласени за проект со потенцијално најголемо глобално влијание.

Амбицијата на основачот и шеф на компанијата Матија Жуљ е во догледно време нивната апликација да стане доминантен агробизнис софтвер во ЕУ, коишто пред да ја почне приказната со „Агриви“ бил на директорска позиција во една швајцарска ИТ компанија.

Напуштил убаво платена работа за да решава светски проблеми со сопствен стартап

„Имав одлична плата, супер работа, сигурност, но не бев исполнет. Почнав да размислувам за глобалните проблеми во чиешто решавање би требало да се вклучам и сфатив дека еден таков е храната. Не е нормално една милијарда луѓе на планетава да се гладни, а истовремено да фрламе 50% од произведената храна“, вели Жуљ.

Почнал со истражување, но брзо удрил во ѕид. Од книги ништо нема да научите за производството на храна, уверува тој, и за да го разберете, мора прво да го осетите под рацете. И така засадил плантажа со боровинки во 2013 година.

„Веднаш сфатив што морам. Да се дојде до знаење беше скоро невозможно, никој не нудеше практични совети, а на интернет најдов 20 различни апликации за чиешто користење би ми требало повеќе време и знаење одошто за самата работа на плантажата. И така настана Агриви, како сеопфатно, едноставно решение за земјоделците“, вели тој. Дал отказ во ИТ компанијата и целосно се посветил на стартапот.

„Морав да изберам, или едно или друго. Парите никогаш не ми беа најважната работа во животот, сакам да работам нешто што ќе го промени светот на подобро. На планетава околу 1,3 милијарди луѓе се бават со земјоделство. Нашата идеја е преку анализа на податоци да ги најдеме оние 1% што тоа го прават најдобро и нивните знаења и пракса да ги понудиме како решение за останатите. И на крајот сите заедно да произведуваат повеќе. Тоа е најголемата вредност на проектот.“, истакнува Матија Жуљ.


967 - АгривиЗдружени сили со науката за повеќе храна во светот

„Агриви“ заедно со Електротехничкиот факултет од Загреб ќе развиваат самоук алгоритам за управување со земјоделското производство

„Агриви“ и загрепскиот Факултет за електротехника и компјутери деновиве потпишаа договор вреден околу 900 илјади евра, пари од Европскиот фонд за регионален развој, за заедничкиот проект Agrivi Smart.

Целта на проектот што ќе трае три години е развивање на самоук алгоритам за управување со процесот на одгледување овошје, зеленчук и житни култури, а како култура за тестирање избран е компирот.
„Климатските промени донесоа големи предизвици за земјоделците и агрономските пракси што се применуваат не можат повеќе едноставно само да се пресликуваат од година во година. Потребно е да се надгледува производството на сите нивоа и да се реагира во реално време штом ќе се воочат потенцијалните ризици. На пример, само доцната заштита на културите може да однесе во просек околу 30% од приносите“, вели Матија Жуљ, основачот и директор на „Агриви“.
Agrivi Smart, врз основа на реалните податоци од земјоделците, ќе учи кои пракси доведуваат до подобри приноси и намалување на трошоците. Целта на проектот е да создаде интелигентен систем што сам ќе ги анализира податоците од секое ниво на земјоделското производство и автоматски ќе дава препораки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×