Хрватска го намалува ДДВ за прехранбени производи од 25% на 13%
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

pdvХрватската Влада вчера го усвои пакет даночни реформи со кои меѓу другото се предвидува намалување на стапката на ДДВ од 25% на 13% на основните прехранбени производи кои им се важни на најголемиот дел од хрватските граѓани. Меѓу производите за кои ќе биде намален ДДВ се лебот, свежо месо, риба, свеж зеленчук и овошје, јајца, жива стока, пелени…
“Трговците и сите оние кои работат во овој сегмент, сигурно дека нема да можат да игнорираат една ваква важна промена и дека ќе ги намалат малопродажните цени, бидејќи овде не зборуваме за корекција, туку за преполовување на стапката на ДДВ”, изјави министерот за финансии Здравко Мариќ.

Со даночната реформа се предвидува и мало намалување на трошоците за фирмите бидејќи се предлага укинување на придонесот за вработување и заштита на работа, но истовремено заради големите дупки во здравството се предвидува зголемување на придонесот за здравство од 15% на 16,5%, кој се очекува до донесе во здравството приходи од околу 50 милиони евра.

Уште една голема промена која им оди во прилог на граѓаните со повисоки примања е одлуката со која највисоката стапка на данокот на доход ќе се применува над 30.000 куни (4.100 евра), а не како досега над 17.500 куни (2.400 евра).
Според новата даночна реформа, данокот на доход во Хрватска ќе се плаќа со две стапки, едната пониска е 24% на плати до 4.100 евра, а втората повисока е 36% за сите повисоки плати.

Хрватските бизнисмени не се задоволни од предложената даночна реформа бидејќи очекувале Владата да ги намали повеќе трошоците за работење на компаниите. Тие потенцираат дека Хрватска се наоѓа во критична фаза кога мора на работниците да им се зголемат платите за да се спречи масовното иселување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×