Хрватска и Бугарија имаат најлош стандард во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Хрватска и Бугарија се единствени членки на Европската унија каде куповната моќ на граѓаните е за над 40% пониска од просечната куповна моќ во ЕУ.

Паритетот на куповната моќ во Хрватска веќе три години се држи на 59% од просекот во ЕУ, Бугарија се подигнала на 53%, додека Романија е на 61% од просекот. За три години најголем напредок е забележан во Романија, во Литванија и во Естонија, додека пад на куповната моќ за 3% има во Австрија и во Белгија, односно за 7% во Грција.

Реалната индивидуална потрошувачка ја покажува вредноста на стоките и на услугите што им се достапни на граѓаните на некоја држава, независно од тоа дали ги купуваат сами или ги обезбедила државата. Најголема куповна моќ имаат граѓаните на Луксембург, на Германија и на Австрија. Според овие показатели, Хрватите живеат двојно полошо од Германците и Австријците, а стандардот на Словенците, на Чесите и на Словаците е за четвртина посилен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×