Хрватска пет години во ЕУ: што доби, а што изгуби
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Клучните параметри покажуваат дека Хрватска и тоа како го искористила влегувањето во ЕУ, во голема мера успеала да се прилагоди и да расте горе-долу со еднакво темпо како Унијата.

Hrvatska EU

 

 

 

 

 

 

Хрватска на први јули годинава ќе одбележи пет години откако е членка на ЕУ. Екипата на магазинот Лидер од Загреб направи специјален прилог за тоа што се промени во земјата за овие пет години и како Хрватите го искористија членството.

Клучните параметри покажуваат дека Хрватска и тоа како го искористила влегувањето во ЕУ, во голема мера успеала да се прилагоди и да расте горе-долу со еднакво темпо како Унијата.

Бруто домашниот производ растел и побрзо од просекот на ЕУ, а економијата полека почнала да се ориентира кон секторите како ИКТ и финансии, за разлика од традиционалните главни економски гранки, туризмот и градежништвото.

Влегувањето во ЕУ на хрватските фирми им го поедноставило работењето, царинската унија им штеди време и пари, извозот е поголем, како и инвестициите, полесно се води бизнис, но нема во сето ова ништо спектакуларно, заклучува во анализата тимот на Лидер. Конкурентноста е и понатаму главната препрека за поуспешен настап на хрватските производи и услуги на европскиот пазар.

Донесени не некои прописи што Брисел и воопшто не ги барал од Хрватска, и притоа се дополнително усложнети и онака комплицираните прописи на ЕУ, а сето тоа на штета на граѓаните и бизнисот.

Од европските структурни и инвестициски фондови на Хрватска во периодот 2014 – 2020 година на располагање ѝ се вкупно 10,68 милијарди евра. Квалитетно подготвените проекти главно успеваат да добијат пари од овие фондови.

Од 2013 наваму хрватските граѓани, и тоа голем број високо образовани млади луѓе и семејства со деца, интензивно се иселуваат во земјите од ЕУ. За пет години иселен е цел еден град од големината на Осиек (околу 110 илјади жители, н.з.), а работодавците стануваат се повеќе свесни дека на работниците мора да им создадат поповолни услови.

Некои хрватски бизнисмени се жалат на преголема регулација на пазарот, други на нереалниот курс на еврото, но сите се согласуваат дека по влезот на земјата во ЕУ полесно им е да работат на странските пазари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×