Хрватска почнува со масовно производство на марихуана
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Благодарение на измените на Законот за спречување на злоупотреба на дроги, кои стапија на сила на 25 април, на компаниите за регистрација на производство на лекови им дава можност во својот производен асортиман да вклучат и лекови од канабис.
Marihuana 1
Хрватска се подготвува да започне со производство на марихуана за медицински цели и голема е веројатноста многу скоро да стане сериозен производител и извозник на медицинска марихуана.
Освен за земјоделците и фармацевтските компании, овие законски измени се очекува да отворат и бројни можности за развој на здравствен туризам бидејќи се е поголем бројот на луѓе во светот кои сакаат да се лекуваат со лекови на база на канабис, кои сега се многу скапи, заради што многу луѓе се одлучуваат да ги обезбедат преку црниот пазар.
Хрватскиот весник Глобус, кој ја отвори оваа тема, пишува дека веќе има заинтересирано многу домашни и странски компании кои се заинтересирани да инвестираат во оваа дејност.
Во следните шест месеци Хрватска треба да изготви правилник за начинот и условите за издавање на одобрувања за одгледување и производство на канабис за медицински цели.
Од Министерството за здравство на Хрватска истакнуваат дека одобрувањето за одгледување на коноп за медицински цели ќе се издава само на правните лица кои имаат дозвола од Агенцијата за лекови и медицински помагала (ХАЛМЕД) за производство на лекови, согласно Законот за лекови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×