Хрватска, Словенија, Унгарија и Бугарија формираат заеднички специјални воздушни сили
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Хрватска, Словенија, Унгарија и Бугарија почнале формирање на заеднички специјални воздушни сили што во иднина би можеле заеднички да учествуваат, на пример, во борба со терористи на подрачјето на Медитеранот или на северот на Африка, пишува загребски Јутарњи Лист.

Станува збор за реализирање на целите што Хрватска ги презела како членка на НАТО, за кои и по разгледувањето на различните модели било заклучено дека земјата во ваков проект не може да оди сама.

Затоа уште во 2015 година министрите за одбрана на овие земји потпишале писмо со намери за заедничка соработка на овој план.

Јутарњи пишува дека се работи за сили обучени за инфилтрирање во непријателската заднина, борба со тероризам, евакуација на своите сили од непријателски територии.

Проектот е под покровителство на НАТО командата за специјални операции и на САД.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×