Хрватска со значаен скок во повлекувањето пари од ЕУ-фондовите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Хрватска досега годинава од фондовите на Европската унија повлекла 662 милиони евра, и со 405 милиони евра е во плус со оглед на уплатените средства во европскиот буџет. Ова го соопшти тамошното Министерство за регионален развој и ЕУ фондови.

Поголем дел од европските пари Хрватска ги потрошила/ги троши, на патишта, на заштита на животната средина, на развој на претприемништвото, на обнова на студентски домови, на проекти на научни институции и т. н.

Од хрватското Министерство сумата што досега годинава успеале да ја повлечат од ЕУ-фондовите ја коментираат како голем успех во однос на претходните години. Хрватска во цела 2015 од ЕУ повлекла 558 милиони евра, а во 2014, 548.

„Од влегувањето во ЕУ, 2013 година, Хрватска секоја година од ЕУ фондовите повлекуваше одвај нешто поголем износ од оној што го уплатуваше. Сегашниот резултат е показател за добрата досегашна работа и најава дека искористеноста на фондовите значајно ќе порасне, со што ќе се поттикнат инвестициите и економското опоравување“, истакнуваат од  Министерство за регионален развој и ЕУ фондови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×