Хрватска воведува нови правила
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Corruption-bribe-5-x-7.-123rfНадзор на сметките на премиерот, претседателот, министри и судии…

Согласно новите измени на Законот, банките би имале обврска да ги следат финансиските трансакции на сите кои влегуваат во категоријата “политички изложени лица”, но и членовите на нивните семејства. Ако забележат нешто сомнителни, за тоа би требало итно да го известат Уредот за спречување на перење пари.Хрватска очигледно е решена сериозно да се справи со перењето пари и во високата политичка и бизнис елита.

Пратениците во хрватскиот Парламент наскоро треба да го изгласаат новиот Закон за спречување на пари и финансирање на тероризмот, со кој се воведува задолжителен надзор над сметките и трансакциите на сите политички изложени лица. Во категоријата политички изложени лица влегуваат сите пратеници, премиерот и претседателот на државата, судиите на Врховниот и Уставниот суд, министрите и нивните заменици…

Согласно новите измени на Законот, банките би имале обврска да ги следат финансиските трансакции на сите кои влегуваат во категоријата “политички изложени лица”, но и членовите на нивните семејства. Ако забележат нешто сомнителни, за тоа би требало итно да го известат Уредот за спречување на перење пари.
Покрај највисокиот политички врв, под лупа на банките ќе бидат и трансакциите на замениците министри, високите правосудни функционери, но и членовите на управните тела на политичките партии. Членовите на управни и надзорни одбори на компании во државна сопственост, членови на Советот на Хрватската народна банка, и уште некои други политички функционери.
Европска директива

Сите овие измени се врз основа на европските директиви за спречување на перење пари и финансирање на тероризам кои ги усвои Хрватска. Досега оваа обврска важеше само за странските државјани, Покрај задолжителните “политички изложени” личности, чии трансакции ќе бидат под лупа, банките и самите ќе мораат да ги идентификуваат политичките изложени личности, да ги пратат нивните трансакции и да пријавуваат во Уредот за спречување на перење пари, ако забележат нешто сомнително. Такви ќе бидат на пример функционерите од локалната власт.
Под лупа на хрватските банки ќе бидат и трансакциите на високите воени функционери, но и на странските амбасадори во Хрватска.
Уредот за спречување на перење пари и сега има можност за директно влегување во информатичките системи на Министерството за внатрешни работи и на Даночната управата на Хрватска.

Хрватскиот Уред за спречување на перење пари од 2009 до 2016 година има обработено 2.662 предмети, односно трансакции во вредност од над 12 милијарди куни или 1,6 милијарди евра. Од тие, Уредот блокирал трансакции во вредност  поголема од 175 милиони куни или 24 милиони евра заради сомневање за перење пари и финансирање на тероризам.

Новина во законските измени ќе биде и Регистарот за вистински сопственици, која ќе биде централна електронска база на податоци која ќе ги содржи податоците за вистинските сопственицина сите правни субјекти основани на подрачјето на Хрватска.
Банките и со сегашните закони можат да го утврдат вистинскиот сопственик на некоја компанија, но сега деловните субјекти ќе бидат должни да го достават тој податок во Регистарот на вистински сопственици. Ако некое правно лице влезе во бизнис релација со “перач на пари” или “ финансиер на тероризам”, може да биде казнет со казна до пет милиони евра.

Државата ќе има увид во сите сметки

Политичарите и сите политички изложени лица не се единствени чии сметки ќе бидат на увид на државните институции задолжени за перење пари. Од почетокот на годинава Даночната управа на Хрватска има можност за увид во сите приходи на граѓаните. Банките од почетокот на годинава се должни до Министерството за финансии да доставуваат податоци за прометот на сите кунски и девизни сметки на правни и физички лица кои вршат регистрирана дејност и слободни занимања, како физички лица, вклучувајќи ги и прометот од тековните сметки и штедните влогови.

Некои граѓани тешко се помируваат со овие законски измени па бараат начин како да го избегнат тоа. За да не бидат под рефлектори на даночните власти некои размислуваат и за префрлување на некои сметки таму каде што ќе имаат поголема приватност. Судејќи според Директивата на ЕУ 2014/107, во рамки на Европската унија нема да можат да се сокријат. Бидејќи автоматската размена на информации стана важен инструмент во борбата против прекугранично даночно затајување и финансиски проневери, директивата ЕУ 2014/107 пропишува стен на податоци за финансиски сметки кои автоматски се разменуваат помеѓу државите членки.
Со оваа директива и измените кои се направија во даночните закони во Хрватска, даночните служби добија и увид во сите трансакции на сите сметки во домашните банки.
Некои стравуваат дека овој неограничен увид на банките во нивните сметки би можело да им ги зголеми даночните обврски, бидејќи даночните служби ќе можат да имаат увид во сите приходи, како уплатено станбено штедење, дознаки од роднини во земјата и странство или ситни уплати и позајмици помеѓу пријатели. Ако на даночните служби ништо не им е јасно и се посомневаат дека станува збор за пари заработени на црно, можат од даночниот обврзник да побараат да го објасни потеклото на парите.

Се формира Регистар на вистински сопственици на фирми

Новина во законските измени ќе биде и Регистарот за вистински сопственици, која ќе биде централна електронска база на податоци која ќе ги содржи податоците за вистинските сопственицина сите правни субјекти основани на подрачјето на Хрватска.
Банките и со сегашните закони можат да го утврдат вистинскиот сопственик на некоја компанија, но сега деловните субјекти ќе бидат должни да го достават тој податок во Регистарот на вистински сопственици. Ако некое правно лице влезе во бизнис релација со “перач на пари” или “ финансиер на тероризам”, може да биде казнет со казна до пет милиони евра.

Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×