Хрватски Rimac Automobili доби 30 милиони евра инвестиција од кинески Camel Group
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кинеската компанија Camel Group, најголемиот азиски производител на батерии, одлучи да вложи вкупно 30 милиони евра во хрватски Rimac Automobili и во сестринската компанија Greyp Bikes. Инвестицијата ќе биде поделена така што поголем дел ќе оди за производство на автомобили и поврзани технологии, додека за развој и производство на електрични велосипеди ќе бидат одвоени 3 милиони евра. Ова е најголема странска поединечна инвестиција во некој хрватски технолошки проект досега.

Компаниите на Мате Римац ќе ја искористат оваа инвестиција за лансирање нови производи, за зголемување на производните капацитети, како и за глобално ширење.

„За разлика од многу компании во секторот, ние имаме бизнис модел што функционира – профитабилни сме од 2012 година и органски се удвојуваме секоја година. Оваа инвестиција ќе ни помогне да го забрзаме растот, да претставиме нови производи и да го прошириме присуството во светот. Две клучни подрачја за развој се изградбата на нов напреден производен погон за наши технологии, и лансирање нова генерација електричен суперавтомобил, што ќе биде следната година“, изјави Римац.

„Во тек на бројните посети на Хрватска и на деталниот преглед на работењето, останавме импресионирани од длабоката вертикална интеграција во Rimac Automobili, од развојот и од производството на сите клучни делови на возилата под ист покрив. Исто така, нѐ импресионираше што оваа млада компанија во така конзервативна индустрија како што е автомобилската, ја освои довербата на некои од најголемите и најпрестижните производители“, изјави извршниот директор на Camel Group, Лиу Чанглаи.

Camel Group вработува околу 6.000 луѓе, а ланските приходи ѝ биле 1,1 милијарда долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×