Хрватски Rimac го има најбрзиот автомобил на струја во светот
Објавено на од во hi-tech & business

„Извини Tesla, но најбрзиот електричен автомобил во светот се произведува во … Хрватска?“, е насловот на текстот што познатиот вебсајт Mashable го објавува за автомобилот Concept_One на хрватската компанија Rimac Automobili, основана од Мате Римац во 2009 година.

Rimac одамна го привлече вниманието на светската автомобилска јавност, па најавата дека компанијата на саемот во Женева ќе ја претстави сериската верзија на Concept_One наиде на голем интерес од страна и на медиумите надвор од Хрватска.

Concept_One, што ќе се произведе во само осум примероци, од кои шест се веќе продадени (по цена од 675.605 фунти), располага со 1088 коњски сили, забрзување до „стотка“ за само 2,6 секунди, погон на сите четири тркала со Rimac All-Wheel Torque Vectoring, систем развиен во компанијата што прецизно го пресметува оптималниот момент за секое тркало.

Американски Autoblog пишува дека автомобилот однадвор е безмалку ист со досегашната верзија, но, оти „под неговата кожа од јаглеродни влакна се наоѓа ѕверка што е многу поисполирана, но и побрза“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×