“Kisha”, кој што чини 100 долари, се најде во друштво на подароци како iPad , луксузни брендови на кожни торби, долна облека, часовници, но и уметнички слики вредни десетици илјади долари

Паметниот чадор “Kisha” се најде на списокот на Business Insider за најпосакувани подароци за еден маж оваа Нова Година. “Kisha“ е проект на двајцата млади претприемачи од Ријека, Хрватска, кои што се основачи и на меѓународната франшиза на ресторани за брза храна, Surf ‘ n’ fries.
Чадорот има вграден bluetooth уред и ако неговиот сопственик се оддалечи од него, апликацијата испраќа предупредување преку мобилниот телефон. Чадорот важи за цврст и издржлив и при најсилен ветер, што е докажано при тестирање со силна бура.
“Kisha”, кој што чини 100 долари, се најде во друштво на подароци како iPad , луксузни кожни торби, долна облека, часовници, но и уметнички слики вредни десетици илјади долари, сите предлози на сатиричниот блог наречен “Неофицијалниот водич на Голдман Сакс – The unofficial Goldman Sachs guide, чија што духовита опсервација на животот на Wall Street често е пренесувана на Business Insider.
Инаку, Капитал направи интервју со Андрија Чолак, еден од претприемачите зад проектот “Kisha” и “Surf ‘n’Fries”, минатата година кога се отвори првиот ресторан од оваа франшиза во Скопје, кој што за жал се затвори после неколку месеци.