Хрватските компании трпат големи штети од санкците кон Иран
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
“Иранскиот пазар е затворен а произведената опрема стои по складовите”, се пожали Дарино Баго, извршен директор на Кончар, една од хрватските компании што работат на иранскиот пазар.
концарХрватските компании се колатерала на ескалација на конфликтот меѓу Иран и Западот, пишува  Јутарњи лист, наведувајќи го примерот на Кончар кој извезува на Иранскиот пазар, но не може да го испорача и да го наплати произведеното.
Сите тензии меѓу Западот и Иран негативно се одразуваат врз иранско-хрватските економски односи. Хрватските компании што работат со Иран може да се каже дека се жртви на санкциите против Иран, а сега дури и повеќе, по свечкањето на оружјето во Персискиот Залив, објави дневник.
Една од хрватските компании што работат на иранскиот пазар е Кончар. Иако работата со 80 милионската земја беше договорена во времето до пред затенувањето на  односите меѓу Иран и Западот, кога беа укинати санкциите кон Техеран па можеше да се склучуваат овори за соработка , новата рунда санкции и се’ повеќе напнатата ситуација меѓу Западот и Иран донесе нови блокади во меѓународната соработка на Хрватска и Иран.
“Имаме проблем со една иранска хидроцентрала, на која не можеме да и’ испорачаме опрема поради санкциите”, вели Даринко Баго, извршен директор на Кончар, за Јутарњи лист.
Тој не сакаше да ги открие деталите за оваа мултимилионска зделка која во моментот е “на чекање”. Сепак, посочува тој, проблемот е недостатокот на платежни можности на Иран.
Иако Иранците платиле аванс за производството на опремата, која е во напредна фаза, целата работа не може да биде завршена додека не биде платен остатокот од парите, бидејќи тие повторно не можат да си ги подмират обврските поради санкциите, објаснува Баго за Јутарњи лист.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×