Хрватските претприемачи го освојуваат светот со иновативни производи
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Pametna-klupaПаметната клупа и соларната автобуска постојка се извозен хит

Include и Energomobil се две компании од Хрватска, кои што за своите производи соларна паметна клупа и соларна автобуска постојка почнаа да добиваат с$ поголем број нарачки -  од САД до Блискиот исток

 

Иван Мрвош, младиот хрватски претприемач, основач на компанијата Include  и изумител на “паметните“ клупи Steora, продолжува со продор на светскиот пазар, јавува Lider.hr.

“Пред неколку недели почнавме со испорака на пробни примероци до потенцијалните партнери во САД, Швајцарија и Катар. Токму деновиве го очекувам првиот фидбек од американскиот пазар, од каде што треба да стигнат поголеми нарачки“, вели Мрвош, чија што клупа е енергетски независна, односно се полни со сончева енергија, а нуди погодности како што е бесплатно полнење на мобилен телефон, пристап до брзи 4G мрежи, амбиентална расвета, пријатно разладување во лето при седењето, сензори за самодијагностика и други податоци, вклучувајќи и атмосферски.

“Работиме со полна пареа, во план е проширување на производните капацитети, со оглед дека до крајот на годинава планираме посилно излегување на пазарите на ЕУ, и на уште два-три други надворешни пазари. До крајот на годинава ќе имаме потпишани договори за ексклузивна дистрибуција со шест до осум држави, покрај постоечкиот договор што го имаме со Австралија – вели бизнисменот чии што планови подразбираат и дополнителни вработувања.

pametna-klupa-2Финансирање само од тоа што ќе се продаде

Мрвош вели дека зголемените производни капацитети дефинитивно ќе бараат и повеќе вработени, затоа што производството на Include не е во толкава мера темелено на машини и автоматизација, па дополнителни клупи значат и дополнителни работници. Со оглед дека излегуваат на нови пазари, ќе им требаат и луѓе за маркетинг што ги познаваат овие земји.

На прашањето на Lider.hr за тоа како се финансира неговата компанија, Мрвош има интересен  одговор.

“Мислам дека сме единствена фирма, не само во Хрватска или Европа, туку во светот, која што е технолошка и нешто произведува, а се финансира само од она што ќе го продаде. Така работиме од почетокот, што значи немаме инвеститори, ниту некои големи кредити, ниту државна помош. Но, тоа ќе се промени, затоа што имаме намера да вложуваме многу повеќе во периодот што следи. До крајот на годинава спремаме документација со која би го почнале првиот круг на прибирање инвестиции за проширување на производството, наоѓање нови купувачи, иден развој на паметните клупи, а веројатно и нови производи“, вели Мрвош.

pametna-klupa-3Нарачките од една – две клупи не се исплатливи

Тој додава дека ситуацијата е особено поволна за пласман на единствениот европски пазар, каде што испораката се одвива брзо и мазно, иако е потребно да се прибават сертификати, што е “стандардна бирократска процедура“.

Што се однесува до домашниот пазар и потенцијалот за извоз, надворешната побарувачка би можела да ја засени онаа во Хрватска веќе на почетокот од декември.

“На домашниот пазар ситуацијата варира од недела во недела, имаме побарувачка, но се работи за мали количини. Се нарачуваат една – две клупи  што е всушност доста тешко и скапо. Ако испорачуваме една клупа некаде во Славонија, тоа со достава и монтажа не е секогаш исплатливо. Од друга страна, имаме нарачка од Градот Загреб за 17 клупи и се надеваме дека тие ќе ги испорачаме до октомври месец. Тоа значи дека до крајот на годинава во Загреб ќе има 20 клупи, со с$ оние три претходно поставени“, вели Мрвош.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×