HTC One M9 – нов владетел на смартфон сцената?
Објавено на од во hi-tech & business
HTC One M9 e усовршена верзија на својот безмалку совршен претходник, М8

HTC на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона го претстави својот нов „флегшип“, HTC One M9, наследникот на One М „осмицата“, смартфонот што безмалку неподелено во технолошката заедница беше избран за најдобар смартфон за 2014 година.

„HTC го изгради своето реноме предизвикувајќи ги очекувањата во мобилната индустрија,” изјави Cher Wang, претседателката на HTC. „Со HTC One M9 ова одново се постигнува со спектакуларна елеганција и дизајн, во комбинација со интелигентни опции што ви помагаат да го оживеете вашиот свет, поврзувајќи ве на подлабок начин со нештата што вие ги сметате за најважни. Толку повеќе од обичен телефон, HTC One M9 е продолжување на тоа што сте вие.”

Со новиот кориснички интерфејс, HTC Sense 7, новиот HTC One M9 е ставен под контрола на корисникот. Главната камера на претставениот смартфон располага со 20 мегапиксели и леќи од сафирско стакло што ја штитат од гребнатини, а снима видеа и во 4К резолуција.

Останатите спецификации се на очекуваното високо ниво: 5-инчен Super LCD 3 екран со Full HD резолуција, заштитен со Gorilla Glass 4; HTC One M9 располага со 3 GB RAM, со Snapdragon 810 процесор со удвоени quad-јадра – едните на такт од 2 GHz, а другите од 1,5 GHz. За графиката е задолжен Adreno 430.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×