Connect with us

македонија

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

објавено

на

Иницирана и организирана од ФОРТОНМКА, Првата конференција за недвижности ќе се одржи во Скопје, Македонија, на 10 мај 2023 година, во хотелот DoubleTree by Hilton.

Капитал е ексклузивен медиумски партнер на настанот, а ко-организатор е агенцијата Кликер Маркетинг.

За прв пат на македонскиот пазар, локални и меѓународни професионалци за недвижности се среќаваат на едно место, за да разговараат за најновите трендови, перспективи и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности.

Зошто треба да се приклучите на настанот?

  • Одлична можност да се слушнат искуствата на врвни носители на клучни одлуки.
  • Можност за присуство на експертски панел дискусии со говорници експерти, активни во инвестиции и развој на индустријата за недвижности.

Конференцијата отвора и можности за нетворкинг и  за нови деловни соработки и инвестиции, како и одговарање на прашања поврзани со најновите трендови, перспективи и предизвици во секторот комерцијални недвижности.

Искористете ја приликата да се поврзете со водечки локални и меѓународни играчи на пазарот од областа комерцијалните недвижности и нивните придружни дејности.

Линк за регистрација на првата Конференција за недвижности.

ФОРТОНМКА е врвна советодавна компанија лоцирана во Скопје, Македонија, која нуди целосен опсег на професионални услуги во секторот на комерцијални недвижности и претставува независно поседувана и управувана компанија која е стратешки партнер на CUSHMAN & WAKEFIELD (најголемата светска компанија за советување во приватна сопственост за недвижности со 400 канцеларии во 60 земји и со повеќе од 50.000 вработени).

македонија5 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија