Connect with us

македонија

Женско претприемништво во НВО секторот: Ecrowd.mk со поддршка за граѓанските организации

објавено

на

Платформата за самофинансирање Ecrowd.mk и здружението „Извор” од Кичево, се иницијатори на новите услови за користење на платформата за граѓанските организации, каде за 1000 денари месечно, ќе можат да прават неограничен број на кампањи во текот на една година. 

Ecrowd.mk со поддршка за граѓанскиот сектор Платформата за самофинансирање Ecrowd.mk и здружението „Извор„ од Кичево, се иницијатори на новите услови за користење на платформата за граѓанските организации, каде за 1000 денари месечно, ќе можат да прават неограничен број на кампањи во текот на една година.

Платформите за самофинансирање на граѓанските организации, се начин на финансирање врз база на солидарност и собирање на повеќе мали донации, наместо големи корпоративни спонзорства, кои стануваат се потешки да се добијат. Ќе помислите дека Gofundme е најпопуларната платформа, но всушност таа доаѓа дури на осмото место пред Donorbox, Fundly, Classy, CauseVox, Donately, Chuffed и Salsalabs. Просечната сума која се собира е 9.237,55 американски долари по кампања. Таквата платформа во Македонија е Ecrowd.mk, каде условите беа дека секоја активна организација (не индвидуално лице) може да регистрира собирање донации за организацијата, или конкретно за некоја активност за која е креирана кампања, за што платформата наплаќа 15% провизија од вкупната сума. И тука во приказната се вклучува здружението „Извор„ од Кичево.

Рената Наумовска, здружение „Извор„: Сакавме да соработуваме со Ecrowd.mk, но бидејќи зборувавме за активност наменета за млади луѓе, кампањата Reality check која е активна во моментов, побаравме да не ни се наплаќа провизија за оваа активност. Објаснивме дека сме во процес на аплицирање за грант, и дека би било убаво некои кампањи да немаат провизија, или бар да не е толку голема, или пак да имаме предвид колкав е тој трошок на годишно ниво, бидејќи кога би го знаеле, би можеле да го вклучиме во нашите апликации за финансирање. Тука наидовме на разбирање од страна на Иннохаб, сопствениците на платформата, и така дојдовме до понуда не само за „Извор„, туку и за сите невладини кои периодов аплицираат за средства.

Ана Србиновска, Ecrowd.mk: Размисливме дека всушност ова е win-win ситуација каде граѓанскиот сектор добива подостапна платформа за финансирање, а ние добиваме многу повеќе клиенти и многу повеќе успешни кампањи. Понудата е 12.000 денари на годишно ниво, за неограничен број на кампањи. Сметавме дека 1000 денари месечно, во моменталниве услови ќе направат голема разлика да може платформата да биде подостапна како извор на финансирање на проекти од општествен интерес, и како за релативно нова платфома која постои 1 година, ова го сметаме за одличен успех. Претходните услови налагаа, за да ги исплатиме средствата на организацијата, истата мораше да собере 25% од таргетираната сума, во спротивно немаше да исплатиме, без да си ги покриеме трошоците. Но ако има собрано на пример 70%, ке наплатиме 15% од тие.

Новиот пристап налага нова стратегија: нас не ни е примарната цел зголемен број на клиенти, нашата примарна цел е да имаме зголемен број на успешни кампањи. Препознаваме дека некои од нашите клиенти немаат потреба од помош, но повеќето од нив, всушност многу голем процент, дефинитивно треба да научат како да го прават ова. Моментално во Ecrowd се развиваат обуки, преку кои организациите кои имаат потреба од практични насоки со примери како да креираат успешна кампања, од експерти кои тоа веќе го направиле во изминатава година, ќе можат тоа да го искористат како услуга. Повторно ќе бидат услуги кои ќе можат да се предвидат како трошок на годишно ниво, за да им се помогне на организациите кои почнуваат од нула, ние знаеме како изгледа тој пат.

Како настана E crowd.mk?

Ана, Ecrowd.mk: eCrowd настана како потреба за алтернативно финансирање на организациите. Сите сме запознаени со глобалните платформи за овој начин на финансирање, меѓутоа знаеме дека Македонија не е пријателска земја за покренување кампања на истите. Поради ова едноставно дојде идејата да се креира една ваква платформа во Македонија. Морам да признаам дека креирањето на една ваква платформа не беше лесно, наидовме на многу предизвици, истрајноста ни помогна да ги решиме.

Која кампања е најуспешна? Која сума се собра? Која е просечната сума која се собира за колку време?

Ана, Ecrowd.mk: Имаме две најуспешни кампањи Кампањата на Донирај Компјутер Кавадарци – “Автомобил за потребите на Донирај Компјутер” – каде беа побарани 372.000,00 денари, а беа собрани 378.030,00 денари. Кампањата која ја подигна ИнноХаб – “Помогнете да изградиме сензорна соба во ООУ Круме Кепески, Скопје “ – каде беа побарани 150.000,00 денари, а беа собрани 257.400,00 денари. Инаку просечната сума се двжи околу 60.000,00 денари, меѓутоа се зависи сепак од мрежата која ја има организацијата која ја подига кампањата и како раководи со истата. Времетраењето е во просек 2 до 3 месеци.

И сега, која кампања ќе ја започне „Извор„ од Кичево, со новите услови на соработка?

Рената, „Извор“: Проектот се вика Reality check и има прекрасна порака. Во недостатокот на финансии за културни настани токму за младите, ние како „Извор„ oрганизираме собирање на донации за да направиме еден културен, мултимедијален настан, во кој учествуваат група млади и таленирани артисти, достапен за сите.

Сакаме да ги отвориме на 7ми април вратите на МКЦ за младите да уживаат во култура на неколку нивоa: првата е претставувањето на својот втор албум со електронска музика на артистот Кеско, и неговите гости Флодер и Кроном, ќе има ликовна изложба на Тања со порака „Дали си слободен или си под контрола?„ и прашањето кое Тања го поставува: „Во ова општество на хипер спектакли, дали реално имаме избор„.

Ќе има редок сценски спектакл, за што ќе се погрижат ВиЏејот Мутер и артистот Artist3dx кој сцената ќе ја претвори во инсталација. Дечките од урбаниот бренд Систем, креираа посебна колекција во чест на овој настан, бидејќи се совпаѓа со неприфаќањето на понудената реалност, нивното мото: „одбери го својот систем, не биди избор на системот„.

Колекцијата ќе биде пуштена во продажба вечерта на концертот. Идејата е на овој настан 300 млади луѓе да одат бесплатно, картите се пуштени во продажба, но за оние за кои и ова е многу, а на сите ни треба култура, вратите на МКЦ да бидат на 7ми април отворени за сите подеднакво.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал