Connect with us

македонија

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

објавено

на

Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, којшто е почесен конзул на Кралството Данска во Македонија, по повод 30-години од почнувањето со работа на конзулатот, доби орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме, одликување што му го додели данската кралица Маргарете II.

Генералниот конзулат на Кралството Данска со седиште во Скопје, започнa со работа во јули 1994 година, по декрет издаден од данската Кралица Маргарете II, која за Генерален почесен конзул го назначува Трајче Мукаетов. Во 2007 година, функцијата Генерален почесен конзул ја презема Живко Мукаетов. Апликации за визи, работни дозволи, дански пасоши, дански возачки дозволи, бегалската криза во 1999 година, влезот на Данска во Шенген зоната во 2002 година, асистенција при високи државни посети, помош при бројни предизвици со кои дански државјани се соочиле во земјава, но и промовирањето на економската соработка и данската култура во земјава, се дел од активностите кои ова конзуларно претставништво ги работи веќе 30 години.

„Врските помеѓу Северна Македонија и Данска се изградени врз споделени вредности, заемни интереси и заеднички видокруг за збиднувањата во светот. Клучен аспект од нашата работа при зајакнување на овие врски е да ѝ се помогне на земјата да напредува на својот пат кон ЕУ. Таа работа секако ќе ја продолжиме со новата Влада. Во оваа насока, сакам да истакнам дека Данска ќе го преземе претседавањето со Европската Унија во 2025 година, а проширувањето на ЕУ ќе биде важен елемент на нашето претседателство. Со сите ангажмани на Данска во Северна Македонија, Генералниот конзулат на Кралството Данска играше централна улога и тоа ќе продолжи да биде така“, истакна Н.Е. Амбасадорката Сузане Шајн во своето пригодно обраќање по повод јубилејот.

Амбасадорката Шајн, во името на данската Влада, се заблагодари на Мукаетов за неговата умешна дипломатија, силна посветеност и беспрекорен професионализам како Генерален конзул. Покрај јубилејот, Нејзината Екселенција нагласи уште еден дополнителен повод за славење – воздигнувањето на Живко Мукаетов од Витез на Редот на данското знаме (кој орден Мукаетов го доби во 2016 година), во Витез од 1ва класа на Редот на данското знаме:

„Оваа голема чест, беше едно од последните одликувања на Нејзиното Височество Кралицата Маргарете II пред нејзиното абдицирање од тронот во полза на нејзиниот син, Неговото Височество Кралот Фредерик 10ти“ – рече Амбасадорката Шајн при одликувањето.

Орденот на данското знаме за прв пат бил воведен во 1671 година од страна на Кралот Кристијан V, кога редот имал само еден степен наречен Бел витез. Во 1808 година, по иницијатива на Кралот Фредерик IV, Редот на данското знаме бил поделен во четири степени, од кои првиот е резервиран за членови на кралското семејство. Ова исклучително признание, кое е едно од најстарите во светот, оддава почит за посветена работа за интересите на Кралството Данска, за заслужна државна или воена служба, за посебен придонес во сферите на уметноста, на науката или на бизнисот. Регистарот на данските Кралски ордени на витештвото, кој се води од 1884 година содржи околу 40,000 автобиографии на одликувани лица.

Од јуни 2023 година, Мукаетов исто така ја извршува и функцијата Конзул на Кралството Норвешка.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години