Хуавеј разви свој сопствен оперативен систем како “план Б”
Објавено на од во Економија

Кинескиот технолошки гигант Huawei потврди дека има развиено свој сопствен оперативен систем кој може да ги замени Google Android и Windows на Microsoft, според неодамнешниот извештај на германскиот весник Die Welt.

хуавеиИзгледите за забрана на користење на такви производи се интензивираа по неодамнешната тужба против владата на САД.

“Ние го подготвивме нашиот сопствен оперативен систем, во случај никогаш повеќе да не можеме да ги користиме овие системи, ќе бидеме подготвени”, изјави извршниот директор на “Хуавеј”, Ричард Ју, според преводот на оригиналниот германски текст.

Huawei ја тужи американската влада поради тоа што не им дозволува на своите федерални власти да ја користат телекомуникациската опрема на кинеската компаија поради безбедносни причини. Компанијата соопшти дека владата на САД не успеала да обезбеди докази за да ги поткрепи безбедносните тврдења и дека САД дејствуваат неуставно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×