Huawei стана втор најголем производител на смартфони
Објавено на од во hi-tech & business

Се чини дека на кинеската компанија Huawei конечно ја оствари амбицијата да го престигне Apple, и да дојде на второто место меѓу најголемите светски производители на паметни телефони.

Тоа го потврдуваат најновите податоци (за јули) што ги објави компанијата за маркетинг истражувања, Counterpoint. Кинеската компанија имала константен раст, особено во периодот јуни-јули.

Во Counterpoint заклучуваат дека трендот на раст на продажба на уредите на Huawei најверојатно продолжил и во август. Водечкиот производител на паметни телефони и натаму е Samsung, додека Apple сега е на трето место.

Интересна е и листата на десетте најпродавани модели на паметни телефони во текот на јули, на која нема ниту еден уред на Huawei.

Најпродаван паметен телефон во овој период бил Apple iPhone 7, по кој се Apple iPhone 7 Plus, Oppo R11, Oppo A57, Samsung Galaxy S8, Xiaomi Redmi Note 4X, Samsung Galaxy S8 Plus, Apple iPhone 6, Samsung Galaxy J7 Prime и Samsung Galaxy A5 2017.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×