Хуманитарна акција на Шпаркасе Банка за Домот за деца без родители „11-ти Октомври“ и „Домот за доенчиња и мали деца – Битола“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Sparkasse - Humanitarna rabotna akcijaВо саботата, како дел од стратегијата за корпоративна општествена одговорност, Шпаркасе Банка Македонија со своите вработени активно се вклучи во проект кој има за цел да го разубави амбиентот на децата во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, како и во „Домот за доенчиња и мали деца – Битола“. Покрај оваа цел, во идејата за акцијата било и поттикнувањето на еколошката свест кај децата.

„Општествената одговорност е една од позначајните стратешки определби на Шпаркасе Банка Македонија, која како интерна култура се негува скоро 2 века во рамките на Шпаркасе и Ерсте Групацијата. Овој проект го спроведовме со цел на најмладите социјално ранливи групи – децата без родители и родителска грижа да им овозможиме уште поубаво место и услови за живеење, но воедно и нивна едукација како подобро да се грижат за одржување на здрава и чиста околина, како и создавање позитивни навики во секојдневниот живот. Преку нашите активности се надевамe дека ќе дадеме позитивен пример до заедницата и ќе упатиме силна порака дека секој од нас треба да го даде свој личен придонес и активно да се вклучи во акцијата за создавање на еден подобар свет за сите нас“, изјави генералниот директор на Шпаркасе Банка, Глигор Бишев.

За ефектот на оваа хуманитарна акција своја изјава даде и директорката на Домот за деца без родители „11-ти Октомври“ во Скопје, Ристенка Атанасова.

„Би сакала да изразам благодарност до Шпаркасе Банка Македонија за реализацијата на овој проект. Атмосферата која се создаде, детската радост e доволен показател дека сме успеале заеднички во тенденцијата да направиме подобар дом за нашите деца, а воедно и да ги научиме нешто повеќе за еколошката свест, која е потребно да се развива од најмали години. Досегашната соработка со Шпаркасе Банка се покажа како доста успешна, па затоа се надевам дека и во иднина ќе продолжиме заедно да креираме вистински вредности и да помагаме секогаш кога е потребно“, изјави  Атанасова.

Корпоративната општествена одговорност е составен дел од идентитетот на Шпаркасе Банка Македонија како дел од Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата. По примерот на својата матична Банка, Шпаркасе Банка Македонија ги спроведува своите традиционални општествено одговорни проекти преку поддршка на проекти во повеќе сегменти, како што се локална заедница, образование, спорт и култура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×