Hyprop го презема Skopje City Mall за 92 милиони евра
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Hystead Limited (Hystead), компанија од Велика Британија во косопственост на Hyprop Investments Limited (Hyprop) и PDI Investment Holdings Limited (PDI), го купи македонскиот трговски центар, Skopje City Mall, од Balfin Finance BV, Амстердам.

Вкупната купопродажна вредност изнесува 92 милион евра.

Skopje City Mall е најголем, и еден од најпосетените трговски центри во Македонија, отворен во октомври 2012 година. Располага со 37.600 м2 бруто површина за изнајмување, и има 137 закупци, меѓу кои Zara, Terranova, Koton, LC Waikiki, Bershka, New Yorker и Fashion & Friends.

„Наша цел е да поседуваме портфолио од шопинг центри со висок квалитет во југоисточна Европа. Македонија е мало, отворено стопанство, кое направи големи чекори за зацврстување на економијата во текот на последната деценија. Според проценките на Светска банка, реалниот пораст на македонскиот БДП изнесува 3,3 % за 2017 година. Високата стапка на издаденост, ветувачкиот број на посетители, балансираната комбинација на закупци и можностите за проширување на Skopje City Mall се гаранција за атрактивноста на инвестицијата. Постоечкиот управувачки тим на трговскиот центар ќе остане со цел да се задржат критичните вештини. Очекуваме дека оваа инвестиција ќе ги зголеми приходите на Hyprop“, изјави по повод преземањето главниот извршен директор на Hyprop, Пиетер Принслоо.

Стратегијата на Hyprop за југоисточна Европа е да ги купува доминантните шопинг центри преку Hystead. Hyprop има удел од 60% во Hystead,  додека PDI, компанија застапувана од Луис Норвал, го поседува останатиот удел од 40%. Hystead сега поседува три објекти во југоисточна Европа, и тоа Delta City Podgorica (Црна Гора), Delta City Belgrade (Србија), двата купени претходно годинава, и со денешното преземање, Skopje City Mall (Македонија).

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×