И Јанакиевски, Мијалков и Протуѓер ќе сведочат за прислушувањата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и шефот на кабинет на премиер, Мартин Протуѓер се предложените сведоци од страна на СДСМ, а кои треба да сведочат пред Анкетната комисија за скандалите со прислушувањето.

Претходно и ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти своите сведоци. Тие ќе ги повикаат премиерот Никола Груевски, министерот за финансии, Зоран Ставрески и екс министерката за внатрешни, Гордана Јанкуловска.

Согласно договорот и усвоената одлука за формирање на Анкетната комисија за прислушувањето, секоја од партиите има право да предложи по тројца сведоци или експерти.

Целта на Анкетната комисија е да се утврди хронологијата на настаните и да се дефинира политичката одговорност поврзана со прислушување. Комисијата ќе изготви и извештај кој потоа ќе го поднесе до Собранието, а очекувањата се дека извештајот ќе биде изготвен до крајот на јануари следната година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×