И по одлуката на Врховниот суд
Објавено на од во Профил

theresa-may WEBБританскиот Парламент нема да го попречи Брегзитот

И по одлуката на британскиот Врховен суд, дека Парламентот треба да одобри почеток на Брегзитот, излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ не е доведено во прашање, зашто и опозициските лабуристи ветија оти нема да го блокираат активирањето на членот 50, а Судот оцени и дека Владата на Тереза Меј нема потреба да ги консултира за процесот локалните влади, како онаа на Шкотска, чии жители главно гласаа за останување во ЕУ

Британскиот Парламент треба да го одобри почетокот на Брегзитот, пред Владата да почне да преговара со Европската унија, одлучи Врховниот суд на Велика Британија. Одлуката значи дека на премиерката Тереза Меј ѝ треба одобрување од пратениците за да го активира членот 50 од Договорот за ЕУ. Одлуката на Судот беше донесена со осум гласа „за“ и три „против“, соопшти BBC. Тереза Меј вети дека ќе го почне процесот пред крајот на март, а нејзината Влада е подготвена да спроведе дебати во Парламентот веќе „утре“. Претседателот на Врховниот суд, лордот Њубергер, изјави:

„Владата има прерогативна власт да менува договори, но тоа не може да го прави ако се одрази врз правата на луѓето“.

theresa-may WEB glavna 01Што ќе следи?

Теоретски, Тереза Меј би можела да го испрати прашањето до Европскиот суд во Луксембург, што е следната инстанца по националниот Врховен суд. Но, шансите за тоа се речиси непостоечки, посочува BBC – вакво обжалување би го забавило процесот уште повеќе. Освен тоа, излегувањето на Велика Британија од јурисдикцијата на Судот во Луксембург е едно од најважните барања на Тереза Меј.

А што може да се очекува од Парламентот?

Премиерката располага со кревко мнозинство во Долниот дом на Парламентот, но се очекува членот 50 да биде одобрен без потешкотии, зашто главната опозициска партија, Лабуристичката, вети дека нема да го блокира. Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, изјави само дека неговата партија „ќе поднесе исправки, барајќи гаранции за пристап до единствениот пазар и за заштитата на правата“ на работниците.

Пратениците, од кои повеќето агитираа против Брегзит, веќе признаваат дека излегувањето од ЕУ е неизбежно.

Шкотската национална партија која има 54 од вкупно 650 пратеници во Долниот дом, одлучно се спротивставува на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

На прашањето – дали Брегзитот може да биде запрен, одговорот е теоретски да, но реално, многу тешко. Само еден конзервативен пратеник, Кен Кларк, откри дека ќе гласа против Брегзит.

Ќе се чуе ли гласот на Шкотска, на Велс и на Северна Ирска?

Претседателот на Врховниот суд, лордот Њубергер, изјави дека судиите биле единствени кога одлучиле дека Владата на Обединетото Кралство нема потреба да се консултира со регионалните влади пред да го активира членот 50. Оваа одлука се однесува на владите на Шкотска, на Велс и на Северна Ирска. Ова веројатно ќе ги разочара Шкотланѓаните, од кои повеќето гласаа за останува во ЕУ, и чија премиерка Никола Стерџон застана на чело на опозицијата против „цврст“ Брегзит.

Прерогативите и проблемите

Одлуката на долната инстанца од почетокот на ноември го предизвика гневот на поддржувачите на Брегзитот, зашто тие ја сметаа за обид за ревизија на резултатите од референдумот на 23 јуни, со кој Британците го поддржаа напуштањето на ЕУ.

Исто како Тереза Меј, тие тврдеа дека реализацијата на Брегзитот е прерогатив на извршната власт, што не бара одобрување од Парламентот.

„Нештата ќе беа многу поедноставни, ако премиерката можеше да го исполни овој прерогатив така како што мисли дека е најдобро. Проблемот е што ниту еден судија не одлучувал по вакво нешто од седумнаесеттиот век наваму“, изјави професорот по право од Лондон, Џоу Маркенс.

Иако одлуката на пратениците изгледа предвидливо јасна, Тереза Меј е можно да ја загубила поддршката на мал дел од лабуристите, откако објави оти државата одлучно ќе го напушти единствениот пазар на ЕУ.

Во исто време, вели професорот по политички науки на лондонскиот универзитет Кралицата Мери, Тим Бејл, опозицијата против Тереза Меј во Конзервативната партија веќе и воопшто ја нема.

„Главниот проблем нема да биде во Долниот дом на Парламентот“, смета тој.

„Главниот проблем ќе бидат 27-те лидери (на европските држави), со кои ќе треба да преговара“ по активирањето на членот 50, смета професорот.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×