И покрај остриот пад во месец март, МБИ10 успеа да поврати добар дел од вредноста
Објавено на од во КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

Coronavirus and financial stock market crisisМакедонската берза и Ковид – 19 кризата

Пад од 12% бележи главниот индекс на Македонската берза, МБИ10, во периодот од почетокот на годината, до средината на јуни, кога е пишуван овој текст. Заклучно со 31.05, за првите пет месеци индексот има пад на вредноста од 8,3%. Индексот забележа остар пад во месец март, од 35%, поради паничната распродажба на акции како реакција на светската берзанска криза предизвикана од пандемијата. Потоа во следниот период Берзата закрепна, индексот поврати добар дел од вредноста, но во мај и јуни продолжи со намалување на вредноста, иако со далеку побавно темпо одошто во кризниот месец март.

 

Пад од 12% бележи главниот индекс на Македонската берза, МБИ10, во периодот од почетокот на годината, до средината на јуни, кога е пишуван овој текст. Заклучно со 31.05, за првите пет месеци индексот има пад на вредноста од 8,3%.
Индексот забележа остар пад во месец март, од 35%, поради паничната распродажба на акции како реакција на светската берзанска криза предизвикана од пандемијата. Потоа во следниот период Берзата закрепна, индексот поврати добар дел од вредноста, но во мај и јуни продолжи со намалување на вредноста, иако со далеку побавно темпо одошто во кризниот месец март. Сепак, кога ќе се земе предвид кумулативниот перформанс на индексот од почетокот на годината, инвеститорите коишто вложиле во кошничката најликвидни акции, забележале загуба од околу 12%.
Сите 10 најликвидни акции, односно оние што го сочинуваат индексот МБИ10 во првите шест месеци од годинава бележат пад на вредноста, ако се спореди нивната цена на првиот ден од годинешново тргување, и 18 јуни, моментот на затворање на овој текст.
Најголем пад на вредноста има акцијата на ТТК Банка, за 25%, а следат акциите на Македонијатурист (-19,8%), Гранит (-19,2%), Макпетрол (-15%), Стопанска банка – Битола (-14,8%), Стопанска банка – Скопје (-14,6%), Комерцијална банка (-13,2%), итн. Најдобро досега поминале акциите на Македонски Телеком со 1,25% пад на акцијата и Алкалоид со 2,6% пад.
Акциите на Комерцијална банка со една четвртина од прометот во мај
Во месец мај Берзата забележала помал промет за 37%, помал број на трансакции за 47%, како и пад на индексот за 4,5%.
Според месечниот статистички билтен на Берзата, во класично тргување со акции и обврзници, прометот во мај изнесувал 428,3 милиони денари (речиси 7 милиони евра), и е за 34,3% помал во однос на месец април. Прометот со акции изнесува 305 милиони денари (5 милиони евра) и е за 53% помал од претходниот месец, додека прометот со обврзници изнесува 123,3 милиони денари и е за 70 пати повисок, што се должи пред се’ на продажбата на 10.000 државни обврзници со вкупна цена од 101 милион денари (1,65 милиони евра).
Табела со акции од МБИ10Во блок трансакции пак, направен е промет од 47,7 милиони денари, што е за 61% повеќе од лани.
Последниот ден во мај, МБИ10 го заврши со вредност од 4.263 поени, што е пад од 4,5% за еден месец. Вредноста на индексот продолжи да паѓа и во месец јуни, па во првата половина од месецот се спушти на 4.065 поени, што е пад за дополнителни 4,6%.
Најтргувани акции во мај се оние на Комерцијална банка, со промет од 78,8 милиони денари (1,28 милиони евра), коишто учествуваат со 26% во вкупниот промет на берзата. Следуваат акциите на Гранит, со 63,6 милиони денари (1,03 милиони евра) и 21% од вкупниот промет; Макпетрол со 48,2 милиони денари (781 илјади евра) и 15,9% од прометот; Алкалоид со 43,9 милиони денари (712,7 илјади евра) и 14,5% од прометот, итн.
Најголем пораст пак на вредноста, во мај имале акциите на РЖ Економика, од 42%, пред Фершпед со 11,3%, Фустеларко Борец со 11%, УНИ Банка со 6,4% и Стопанска банка Скопје со 6,15%.
Најголем пад имале акциите на Макстил, од 21,4%, ТТК Банка од 10,5%, Македонијатурист со 8,8% и Стопанска Банка Битола со 8,6%.
Додека на некого не му се стемни, на друг не му се разденува
Од најликвидните акции, односно оние што го сочинуваат МБИ10 индексот, раст во месец мај имаат само акциите на Стопанска банка Скопје од 6,15%, на Македонски Телеком од 5,3% и на НЛБ Банка од 4,7%. Останатите акции имаат пад, поточно, ТТК Банка од 10,5%, Македонијатурист од 8,8%, Стопанска банка Битола од 8,6%, Комерцијална банка од 8,37%, Макпетрол од 4,41%, Гранит од 3,6% и Алкалоид со најмал пад, од 2,97%.
Но, што е карактеристично за месеците март и април: иако акциите драстично губеа од вредноста во март, некои инвеститори видоа одлична можност да купат акции од добри компании по многу пониска цена, па прометот со акции на берзата во тие триесетина денови беше 23,5 милиони евра, што е рекорд, односно најголем месечен промет изминативе 10 години на Македонската берза.
Потоа, во април, откако се смири стравот кај малите акционери, а се консолидираа портфолијата на крупните инвеститори, индексот забележуваше континуиран раст со мали осцилации, но прометот со акции забележи пад за 55%, на 651 милион денари (10,6 милиони евра). Иако е разбирливо дека рекордниот промет од март тешко дека ќе се повтори, сепак нивото од десетина милиони евра во април е се’ уште повисоко за 1,5 – 5 пати од просечното месечно ниво на трговија со акции во последните 10 години.
Ако направиме споредба со прометот на берзата во првите пет месеци 2020 и 2019 година, годинава вкупниот износ на трговија и со акции и со обврзници изнесува 5,4 милијарди денари, или 87,7 милиони евра. Тука треба да истакнеме дека во оваа сума влегуваат и 17,5 милиони евра што австриската групација Граве ги уплати во месец март за купување на домашната осигурителна компанија Еуролинк. Минатата година, пак, вкупниот промет на Берзата изнесувал 3,35 милијарди денари, или 54,5 милиони евра, што значи за 38% помалку.
be-2Што се случува на светските берзи
Економската состојба по карантинот продолжува да се подобрува, но темпото на закрепнување е побавно од очекуваното, што донесе неизвесност на пазарите на капитал минатата недела, велат аналитичарите од инвестициската куќа Генерали Инвестментс.
„Политичката состојба и насилните протести во САД малку се смирија, но од друга страна гледаме дека политиката и централните банки подготвуваат нови мерки. Администрацијата на САД подготвува нов инфраструктурен фонд вреден 1 трилион евра со цел да започне процесот на обнова на старата американска инфраструктура, кој ќе има силен мултипликаторски ефект врз целата американска економија. FED ги засили набавките на високо ризични корпоративни обврзници, а Јапонската централна банка ги засили стимулативните мерки и најави дека тие ќе траат подолго од очекувањата на пазарот. Во Европа, Шпанија во понеделникот претстави план за помош од 3,5 милијарди евра за автомобилската индустрија, додека Германија продолжува да ја зајакнува поддршката на ‘зелена политика и индустрија’.“, велат од Генерали.
Останува фактот дека новосоздадената ликвидност во огромна количина, повеќе од 18 трилиони свежо испечатени пари, претставува моќна сила на пазарот на капитал. Берзите со нивниот силен раст во последните 2 месеци се одраз на приносот на пазарите на обврзници и банките кои се претежно негативни, изнајмувањето на недвижнини веќе не е толку сигурен бизнис како што беше пред кризата, бидејќи се зголемува притисокот за работа од дома, онлајн трговијата и бизнисот како и туризмот и изнајмувањето преку онлајн платформи нема да бидат исти долго време како пред кризата.
„Затоа, парите се инвестираат во акции, кои и покрај нивниот ризик, во моментот даваат позитивен принос. Оптимизмот сега се префрли кон најпогодените индустрии, честопати според наше мислење неоправдано, но берзата стана слична на коцкање во одредени сегменти, бидејќи пораснаа дури и оние компании кои се наближија до фазата стечај па дури и банкрот. Ова укажува на претерана еуфорија во одреден сегмент на пазарите на капитал. Состојбата е многу слична на периодот на dotcom балонот од 1999-2000 или пред финансиската криза во 2007 година. Затоа, претпазливоста не е на одмет. Од друга страна, имаме индустрии кои можат да се дефинираат како победници во кризата и каде евалуациите сè уште се на атрактивно ниво. Тука спаѓаат главно здравството, прехранбената индустрија, дел од ИТ индустријата, комунални услуги (електрична енергија, вода и сл.), телекомуникациите и сл.“, сметаат аналитичарите на Генерали.

 


Tabelka za so ramkataСтоте котирани компании со вкупна добивка за 30% помала од лани

Резултатот е за првиот квартал, кога само половина од март економијата функционираше во вонредни околности поради пандемијата. Се очекува резултатите на фирмите котирани на Берзата да бидат многу полоши во вториот квартал, со извесно закрепнување во третиот и четвртиот.
Стопанска банка – Скопје е акционерското друштво на задолжителна котација кое што има најголема добивка за првите три месеци од годинава, покажуваат податоците од Македонска берза. Банката има чист профит од 8,9 милиони евра, што е за 1,15% повеќе во однос на истиот период лани. Следат: НЛБ Банка, со 6,8 милиони евра (+ 1,87%), Алкалоид Скопје со 5,11 милиони евра (+6,76%), Македонски Телеком со 5,09 милиони евра (-22%), Комерцијална банка со 3,53 милиони евра (-50%) , Цементарница Усје со 3,12 милиони евра (+38,1%), итн.
Големиот пад на добивката на Комерцијална банка, од менаџментот го објаснуваат со поголемиот износ на исправка на вредност на финансиските средства на нето основа, што значи дека банката морала да издвојува поголеми резервации заради влошени пласмани кај поедини клиенти, а тоа се книжи како расход. Инаку, редовните приходи од работењето на Комерцијална бележат пораст во првиот квартал.
Од збирниот извештај за банкарскиот сектор што го прави Народната банка, се гледа дека 15 – те домашни деловни банки првиот квартал го завршиле со вкупен профит од 18,6 милиони евра. Тоа е за речиси 40% помалку во однос на истиот период лани. Треба да истакнеме дека ова намалување на профитот се случува во кварталот пред и вистински да почне корона кризата, односно само втората половина од март Македонија беше во вонредни околности поради пандемијата. Се очекува резултатите во вториот и третиот квартал да бидат полоши, како поради намалената кредитна активност, така и поради фактот што банките ги одложија обврските на добар дел од своите клиенти на шест месеци, иако ќе се пресметува камата и на тој период.
Од стоте котирани друштва на Берзата, во првиот квартал 58 компании имале добивка (вкупно 40 милиони евра), 38 имале загуба (вкупно -12,1 милиони евра), а три компании не објавиле финансиски извештај. Сума сумарум, котираните компании оствариле вкупна добивка од 27,8 милиони евра, што е за речиси 30% помалку од истиот период лани.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×