И Швајцарија со идеја да им плаќа на граѓаните без разлика дали работат
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Швајцарија може да биде прва држава во светот што на своите граѓани ќе им дава плата без разлика дали се вработени или не. За шест месеци Швајцарците ќе излезат на референдум за да се изјаснат дали се сложуваат со предлогот секој возрасен граѓанин, вработен или невработен, од државата да добие основен фиксен месечен доход. Предлогот е тој да изнесува 2.500 франци, а пензионерите и децата би добивале нешто помалку.

Целта на ваквата мерка е граѓаните повеќе да се посветат на нештата што навистина ги интересираат, наместо постојано да размислуваат како ќе ги задоволат своите основни финансиски потреби.

Со иста идеја неодамна излезе и Владата на Финска, која најави воведување основен доход од 800 евра. Финците пилот проектот ќе го стартуваат во 2017 година. Сепак, официјално, први сличен проект почнаа Холанѓаните, во градот Утрехт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×