И Туск доаѓа во Македонија, последувајќи ги Могерини и Хан
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

И претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, доаѓа во посета на Македонија, последувајќи им на високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Туск ќе ја посети Македонија во рамки на турнејата во земјите од Западен Балкан. Од 24 до 28 април ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, во контекст на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.

„Пораката до нашите пријатели е јасна: Европската унија е, и ќе продолжи да биде најдоверлив партнер во целиот регион. Како најголем инвеститор, најголем донатор, најголем пазар и најдобро ветување за подобра иднина на граѓаните. Нашиот самит би требало да ја потврди европската перспектива на регионот. И што е уште поважно, би требало да се подобрат, на конкретен начин, врските со регионот и внатре во регионот“, истакна Туск во денешниот говор пред Европскиот парламент, посветен на Западен Балкан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×