И возрасните запишуваат вонредно средно стручно училиште за полесно да најдат работа во странство
Објавено на од во Економија

Средните стручни училишта во Штип се атрактивни и за работоспособното население, кое запишувајќи се вонредно се преквалификува.

sredno strucnoОва е и начин за побрзо наоѓање работа во странство. Најголем број на вонредно запишани ученици има во средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“-Штип. Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов вели дека имаат запишано вкупно 45 вонредни кандидати, најголем дел од нив се во угостителско-туристичката струка.

„Со тригодишно образование, готвач и келнер имаме шест кандидати, со четиригодишно образование хотелско-туристички техничар имаме вкупно 18 кандидати. Додека во електро струката имаме 13, од кои најногу се запишани во образовниот профил електротехничар-енергетичар, а во машинската струка имаме осум вонредни ученици“, вели Павлов.

Средното медицинско училиште „Јане Сандански“-Штип е атрактивно и за оние граѓани над 40 години.

„Имаме зголемен интерес за вонредно учење. Годишно се запишуваат по 30 ученици, а завршуват 25. Има од сите возрасни групи, вклучително и лица меѓу 40 и 50 години“, рече Емилија Рамбабова директор на СОУ „Јане Сандански“-Штип.

Дипломата  за медицинска сестра се зема за околу две години, а целата постапка чини од  800 до 1000 евра.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×