Иако расте со двоцифрени стапки
Објавено на од во НАВИГАТОР

Online-shopping-WEBОнлајн шопингот е само 1% од сите трансакции со картички во Македонија

Купувањето преку интернет ја зголемило својата вредност за 27% во првите три месеци годинава во однос на истиот период лани, но сè уште има голем простор за раст, затоа што во моментов зафаќа едвај 1,07% од вкупната вредност на сите трансакции направени со картичка во земјава. Македонските граѓани  просечно потрошиле 1.111 денари за купување некаков производ  или услуга онлајн, кај трговците на ПОС терминали оставале по  1.029 денари, а од банкомат ваделе во просек по 4.640 денари.

 

Од корисници на картички во Македонија во првите три месеци годинава се нарачани производи или платени услуги преку интернет во износ од 437,5 милиони денари (7,11 милиони евра), што е за 27% повеќе во однос на истиот период лани, покажува статистиката на Народната банка за вредноста на остварени трансакции преку уреди.

Расте и бројот на трансакции направени со картичка преку интернет, односно од 283.830 во првите три месеци лани, на 393.476 истиот период годинава, или за 39%. Оттаму, просечната вредност на плаќањето онлајн за производ или услуга во првиот квартал годинава изнесувало 1.111 денари, додека во истиот период лани оваа сума била 1.218 денари, што значи годинава за 9,6% помалку вреди просечното плаќање преку интернет.

Navigator-Brojki-865За цела 2015 година, просечната вредност на трансакцијата направена онлајн била 1.061 денар, што е за 20% повеќе во однос на 2014.

Февруари месец годинава отскокнува по потрошувачката онлајн со 205 милиони денари (3,3 милиони евра), наспроти јануари со 100,45 милиони денари ( 1,6 милиони евра) и март со 132 милиони денари (2,2 милиони евра) . Онлајн трговците со кои што контактиравме велат дека е тоа е заради сè поголемата популарност на Св.Валентин (14 февруари) меѓу Македонците и зголеменото купување на подароци, ваучери за вечери, козметички третмани и сл., по повод тој празник на вљубените.

Онлајн трговијата расте со двоцифрени стапки секоја година, а и понатаму ќе расте со истото темпо, со оглед на се’ уште ниското ниво (само 1,07%) на нејзино учество во вкупните трансакции што се одвиваат преку картички во земјава, чиј што износ за првиот квартал изнесува 40,79 милијарди денари (663 милиони евра). Оваа сума е за 14,5% односно за 83,9 милиони евра поголема одошто во истиот период лани. Тука треба да истакнеме дека минатата година се појави уште еден вид на трансакции преку уреди, а тоа е депонирањето готовина, што Прокредит Банка го овозможи 24/7 преку сопствените банкомати. Првпат овие трансакции се регистрирани во јули лани, кога изнесувале скромни 2.200 евра, но затоа во последните три месеци од 2015, клиентите на банката депонирале вкупно 18,3 милиони евра преку банкомат. Речиси идентична сума, 18,6 милиони евра е депонирана и во првите три месеци годинава.

Инаку, од вкупните 663 милиони евра поминати преку уреди со картички во првите три месеци, 469 милиони или 71% биле повлечени од банкомат, а 175,5 милиони или 26,5% биле потрошени на продажни места, односно на ПОС терминали кај трговците или преку интернет плаќања. Остатокот се парите депонирани во банка што ги споменавме претходно.

Оваа статистика покажува дека македонските граѓани сè уште недоволно ги користат картичките за секојдневните плаќања, односно со нив најмногу вадат пари од банкомат.

Просечната вредност на направена трансакција со картичка во кај трговците во првите три месеци изнесува 1.029 денари, додека просечното повлекување на пари од банкомат изнесува 4.640 денари.


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×