Connect with us

македонија

IB DB во Американската Гимназија Скопје

објавено

на

Меѓународно призната и акредитирана програма за личен и професионален раст на младите

Образованието е основа на иднината и една од најважните алатки во животниот развој на секој човек. Верувајќи во моќта на образованието и посветени на континуирано подобрување, во учебната 2022/2023 Американската Гимназија Скопје почна да ја спроведува и престижната програма за Меѓународна матура – IB DP. Првата паралелка веќе се приближува до крајот на учебната година и промената кај учениците е огромна и фасцинантна.

IB DP програмата во Американската Гимназија Скопје се изведува во трета и четврта година средно образование, во посебна паралелка, и наставата се одвива на англиски јазик. Се работи за меѓународно призната и акредитирана програма која се заснова на интензивни и балансирани академски содржини, и која има за цел да ги подготви учениците за успех во текот на нивното подоцнежно студирање, како и во текот на нивниот целокупен живот.

Што претставува IB DP?

IB DP е програма која е посветена на интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот и психофизичкиот развој на учениците во последните две години од средното образование. Односно, учениците посетуваат редовна настава во прва и во втора година, и пред почетокот на трета година, се префрлуваат во IB DP паралелката во Американската Гимназија Скопје и ја почнуваат програмата. Признаена и прифатена од преку 1.000 водечки универзитети и факултети во светот, таа ги стимулира учениците да станат што поуспешни во учењето и во нивниот личен развој. Покрај изучување класични предмети, но на повисоко и поинтензивно ниво, јадрото на оваа програма дополнително ги вклучува и предметите „Теорија на спознавање“, “Продолжена есејска задача” и „Креативност, активност и волонтирање“, чија главна цел е да потикнат љубов кон учењето, критичко размислување, работа за доброто на заедницата, ентузијазам кон луѓето околу себе и емпатија во текот на целиот живот.

Какви придобивки нуди IB DP?

Според глобалните наоди од истражувањата за IB DP, запишувањето во оваа програма на учениците им нуди врвно образование, што им овозможува да постигнат повисок успех во средното образование и ги зголемува нивните шанси за запишување и дипломирање на универзитети низ целиот свет. IB DP во Американската Гимназија Скопје нуди еден интегрален пристап во кој професорите и административниот кадар се специјално обучени за спроведување на програмата, во која постои една заедничка цел – да се создаде успешен ученик, опремен со современо знаење и вештини за светот околу нас. По завршување на програмата, учениците се здобиваат со IB DP диплома, која сведочи за високото ниво на постигнати знаења и способности.

Зошто да одберете IB DP?

Од можноста за учење под високо специјализиран тим, со личен пристап кон образованието на секој ученик, до добивање диплома која значително го олеснува процесот за запишување и студирање на водечките универзитети во светот, IB DP во Американската Гимназија Скопје е многу повеќе од образовна програма, и претставува основа за личен и професионален раст на младите во модерни граѓани со глобален поглед.

Што треба за запишување во програмата?

Програмата ги опфаќа последните две години од средното образование, односно е достапна за сите ученици, од сите средни училишта, што оваа година завршуваат втора година. Од учениците во IB DP се бара високо ниво на познавање англиски јазик, одличен успех, како и љубопитност за знаење, откривање и учење, и желба за успех. Апликациите се веќе почнати, а бројот на запишани ученици е ограничен, така што побрзајте и резервирајте го вашето место.

За повеќе информации во врска со упис, како и за целокупната IB DP програма, посетете ја веб страната на Американската Гимназија Скопје – www.ahss.edu.mk, и контактирајте ја гимназијата на info@ahss.edu.mk или на +389 2 2469 993.


Проф. Филип Петковски
IB DP сертифициран координатор за Теорија на знаење и Креативност, активност и волонтирање

IB DP е меѓународно призната програма која им дава предност на учениците при аплицирање на универзитети, како и при почнување кариера во дадена област. IB DP се фокусира на развивање критичко мислење кај учениците, учење вештини за истражување и анализирање, како и разбирање различни култури и перспективи, што може да им помогне да бидат успешни во глобалната заедница и да комуницираат со луѓе од различни делови во светот. Програмата опфаќа и критички дискусии, групни вежби, анализи на случаи и примери и дебатирање, како и екстракурикуларни активности кои учениците ги извршуваат вон наставата. Пресудни се критичките дискусии за сè што учениците имаат веќе научено, по што тие се често пати изненадени од фактот дека поставувањето клучни прашања може да им ја промени целата перспектива за тоа како тие гледаат на светот.

Проф. Славчо Забазновски
IB DP сертифициран професор – Математика (Анализа и апликација)

Програмата е наменета за ученици со таленти и предзнаења од одредени области, но и за ученици кои имаат цел во животот и не се плашат да вложат напори во нејзино остварување. Предноста на IB DP е во тоа што од една страна, има точно зацртани методи и пристапи, но од друга страна, има и слобода во нивното користење. Учениците се стекнуваат со неспоредливо поголеми знаења и вештини, кои им се неопходни за нивното понатамошно учење и личен развој.

Проф. Ирена Филипче
IB DP сертифициран професор – Почетно ниво на Француски јазик

IB DP нуди сеопфатно образование со силен акцент на критичкото размислување, истражувачките вештини и интердисциплинарното учење. Дизајнирана да ја поттикне глобалната свест и меѓукултурното разбирање, IB DP ги оценува учениците преку комбинација на испити, есеи, усни презентации и други форми на предмети, за разлика од редовната наставна програма, која обично се потпира на стандардизирани тестови и испити. Покрај академските постигнувања, во IB DP се става силен акцент и на холистичкиот развој на ученикот и се посветува големо внимание на личниот и социјалниот раст, преку работа за доброто на заедницата, развој на лидерски и тимски вештини, како и внимавање на добра општа физичка кондиција, додека пак редовната наставна програма обично се фокусира потесно на академските достигнувања.

Проф. Даниела Сандева
IB DP сертифициран професор – Дигитално општество

Најпризнатата средношколска академска програма Меѓународна матура цели кон тоа да ги охрабри учениците да бидат активни, сочувствителни, да го развиваат сопствениот капацитет за анализа и за евалуација на информацијата, како и за ефективна комуникација. Предавањата и стекнатите знаења имаат за цел да

создадат љубопитни, образовани и чувствителни млади луѓе кои ќе помогнат да се создаде подобар и побезбеден свет преку интернационално разбирање и почитување. Знаењата и вештините стекнати преку оваа програма им овозможуваат на учениците да го продолжат своето образование на најпрестижните универзитети ширум светот.

Д-р Катерина Благоевска
Сертифициран IB DP предавач – Биологија

IB DP е добро позната програма во целиот свет по квалитетот на образованието кое го нуди. Со сериозна и темелна обука на IB професорите и училишните администратори, програмата држи висок стандард. IB програмата е ригорозна и успехот да се добие IB диплома на универзитетите им претставува објективен индикатор дека ученикот е сериозно спремен да ги прифати предизвиците на академското образование. Угледот кој го има IB DP значи дека без оглед на кој универзитет или колеџ ќе сакате да се запишете, секој од нив ќе знае за трудот што сте го вложиле. Фактот дека имате IB диплома значи дека сте избрале училиште со наставна програма која е далеку поразлична од онаа во регуларните училишта и дека сте се одлучиле за начин на остварување на целите кој бара многу од вас. Ова се предности кои конкурентните универзитети и колеџи во голема мера ги ценат.

Проф. Надежда Поп-Костова
IB DP сертифициран професор – Бизнис менаџмент

IB DP програмата овозможува стекнување цврста академска основа, што е клучен фактор за понатамошно продолжување на универзитетски студии.  Покрај академската основа, голем бенефит е тоа што програмата помага и во развојот на личните карактеристики кај учениците. Разликата во однос на останатите гимназиски програми е во напредното ниво на интелектуален и личен развој кај учениците. Токму поради тоа голем број на врвни универзитети овозможуваат замена на IB предметите со предмети од прв циклус универзитетски студии, со што дополнително се вреднуваат знаењата стекнати со оваа програма.

Проф. Сандра Грујевска
IB DP сертифициран професор – Англиски јазик и литература
Проектна есејска задача

Програмите на IB DP се различни од другите наставни програми бидејќи тие ги поттикнуваат учениците од сите возрасти да размислуваат критички и да ги оспоруваат претпоставките. Наставните програми се развиваат независно од владините и националните системи, инкорпорирајќи квалитетна практика од нивното истражување. Програмата за Меѓународната матура работи во глобални контексти, бидејќи го стимулира и го зголемува разбирањето на јазиците и свеста за културите, и истражува глобално значајни идеи и прашања со цел да ги подготви учениците да бидат активни учесници во глобалното општество. Воедно, оваа програма им помага на учениците да развијат уникатен сет на вештини, ставови и перспективи, што им се потребни за да успеат и подоцна на универзитет, но и во текот на животот, пошироко. 

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал