IFC најавува поголема поддршка за Македонија
Објавено на од во Економија

IFCПоддршка на приватниот сектор, подобрено снабдување со електрична енергија и олеснет пристап до финансии за микро, мали и средни компании се трите области во кои Меѓународната финансиска корпорација размислува да ја поддржи Македонија.

Ова му го пренела директорката на Меѓународната финансиска корпорација за Европа и Централна Азија Вебке Шлумер на министерот за финансии Драган Тевдовски.

“Размислуваме да го поддржиме развојот на приватниот сектор преку поврзување на СДИ со домашните компании. Втората област во која би ја насочиле нашата поддршка е овозможување на подобра снабденост на електрична енергија од обновливи извори. Третата област е поттикнување на развојот на микро, мали и средни претпријатија преку олеснет пристап до финансии”, истакнала Шлумер на вчерашната средба во Министерството за финансии.

Министерот Тевдовски, како што денеска соопшти ресорното Министерство, ја посочил посветеноста на Владата на овие прашања. Во делот на пристапот до финансии од големо значење е потпишувањето на договорот со ЕИБ за 100 милиони евра евтини кредитни линии, рекол Тевдовски.

Ова е прва посета на Шлумер од нејзиното назначување на позицијата регионален директор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×