ИКЕА ќе инвестира 200 милиони евра во Србија во следните пет години  
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

IKEAШведскиот ланец за мебел ИКЕА планира да инвестира во соседна Србија над 200 милиони евра во следните пет години, објави српскиот министер за труд Зоран Ѓорѓевиќ.

Компанијата досега веќе инвестирала 60 милиони евра во Србија и вработува 33 работници во објектот кој почна да работи пред околу еден месец.
Во следните пет години бројот на вработени во ИКЕА во Србија се планира да се достигне 1.200 луѓе, согласно стратегијата која предводува да се изградат уште два нови објекти во земјата.

Уште во текот на мај, директорот за развој на ИКЕА за Југоисточна Европа Владислав Лалиќ соопшти дека компанијата сака да закупи парцела на левиот брег на реката Сава во североисточниот дел на српската престолнина Белград.

Долгорочните планови на компанијата предвидуваат и отворање на објект во Ниш, што според Лалиќ ќе зависи од развојот на српскиот пазар и општите економски услови во земјата.

Во регионот на Југоисточна Европа шведскиот ланец за мебел ИКЕА има отворено продажни објекти во Хрватска, Бугарија и Романија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×