ИКТ секторот има неограничен пазар во земјоделието кој треба да се искористи
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Доаѓа време на е-земјоделството кое подразбира развој, евалуација и спроведување иновативни начини за користење ИКТ во руралните средини со фокус на земјоделството“ ова го најави претседателот на Управниот одбор на МАСИТ Стефан Плавјански на денешното отварање на тема „ИКТ во Агробизнис” во организација на МАСИТ – ИКТ Стопанската комора.

132911801

Заеднички заклучок на сите учесници на конфренцијата е дека примената на компјутерите, иновативните технологии, електронските системи и дигиталните платформи е основа за современо, конкурентно земјоделство, порачаа учесниците на денешната конференција. Спред нив: само ако располагаат со навремени, точни информации, земјоделците, беше речено, ќе знаат што точно да преземат и какви одлуки да донесат за поголемо производство и сигурен пласман.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска нагласи дека изборот на ИКТ во земјоделството нема граници.

„Безжичните технологии за подобра комуникација, поставувањето сензори во почвата за следење на нејзината состојба, дроновите за снимање на обработливите површини, автоматизираното млекопроизводство, стекнувањето знаења он-лаин, електронскиот маркетинг и продажба,…, се само некои од можните решенија. Во Македонија, изминатите години преовладуваше традиционалното производство пред користењето на иновативните технологии, но оваа ситуација веќе се менува и ИКТ заземаат се поголемо место во секојдневната работа на земјоделците за олеснување и зголемување на производството.“ вели Арсовска Томовска.

Според ФАО до 2050 година во светот ќе има околу 9 милијарди луѓе што ќе значи многу поголема потреба од производство на храна, а ресурсите се се помали. За надминување на ваквите предизвици, заклучија учесниците на конференцијата, ИКТ се едно од можните решенија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×