ИKT во Aгробизнисот – конференција која ги поврзува икт и агро бизнисите
Објавено на од во Економија

ИКТ во АгрибизнисотИнформатичките технологии го прават земјоделскиот бизнис попрофитабилен

Информатичко комуникациските технологии доколку се применат во земјоделството, може да помогнат оваa стопанска гранка која што создава 11% од бруто домашниот производ (БДП) во Македонија, да стане уште попродуктивен и попрофитабилен бизнис – ова е заклучокот од 14 годишна конференција за ИКТ во агробизнисот што минатата недела се одржа во Скопје во организација на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии,  ПроКредит Банка и АгФутура Технологии.

 

 

Информатичко комуникациските технологии доколку се применат во земјоделството, може да помогнат оваa стопанска гранка која што создава 11% од бруто домашниот производ (БДП) во Македонија, да стане уште попродуктивен и попрофитабилен бизнис – ова е заклучокот од 14 годишна конференција за ИКТ во агробизнисот што минатата недела се одржа во Скопје во организација на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии,  ПроКредит Банка и АгФутура Технологии.

Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Горан Попоски, на отворањето на конференцијата истакна дека во земја како Македонија, која што е традиционално аграрна и земјоделието е една од клучните гранки во економијата, информатичките технологии се неминовност во насока на унапредување на овој бизнис.

Прецизното земјоделство е многу популарно во светски рамки, подразбира точно наводнување, запрашување, односно да му се даде на растението токму она што му треба. Во Македонија многу компании не само што не користат, туку не ни размислуваат за ИКТ решенија што може да им го зголеми приносот и да им ја олесни работата. Меѓутоа, радува тоа што на пазарот веќе имаме конкретни ИКТ решенија за земјоделците, една година по првата конференција кога впечатокот беше дека овие индустрии не се ни познаваат. Има апликативни ИКТ решенија и за индивудални земјоделци и за поголеми комбинати“, изјави Попоски.

Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит банка пред присутните истакна дека доаѓа од банка која што е единствена во Македонија специјализирана за поддршка на мали и средни фирми. Таа изјави дека агробизнисот е во фокусот на ПроКредит банка од самиот почеток на работењето и дека се подготвени да ја поддржат секоја иновативна идеја што подразбира раст и развој на фирмите во овој сектор.

„Ние како банка сме подготвени да кредитираме земјоделски проекти со најповолни камати на пазарот, и она што е многу битно со посебни гарантни шеми, да одобриме кредит и кога земјоделецот не е во можност да достави соодветно обезбедување или хипотека за кредитот. Во Македонија затекнавме многу екстензивно, традиционално производство во земјава, но верувавме во претприемништвото и во потенцијалот кој постои и кој што може многу повеќе да се искористи во оваа стопанска гранка. Активно кредитираме земјоделски проекти веќе 14 години и до денес имаме пласирано вкупно 260 милиони евра во бизнис кредити, од кои 30 милиони евра во земјоделство. Радува тоа што растот на многу големи земјоделски компании се должи токму на примена на иновативни информатички технологии. Како банка тоа го препознаваме и сакаме уште повеќе да го поддржиме развојот на земјоделството токму преку примена на модерните технологии’, истакна Спировска.

Таа додаде дека банката организира агрофорум, за да промовира кои се најновите трендови во земјоделското производство.

„Една од целите е новите технологии да им помогнат на земјоделците пооптимално да ги користат ресурсите со кои што располагаат. Примената на модерните информатички решенија ако порано беше посакуван фактор, денеска е услов за опстанок во индустријата“, потенцираше Спировска.

Претставникот на Владата, министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, исто така изјави дека паметното земјоделство базирано на современи информатички технологии овозможува попродуктивен и попрофитабилен земјоделски бизнис.

„Еден земјоделец мора постојано да жонглира со цело множество на променливи, како што се временските услови, нивото на влажност, содржината на хранливи материи во почвата, заканите од штетници, болести, хемиски препарати, земјоделска механизација и слично. Ако земјоделецот знае алгебра и знае да решава матрици тој ќе го оптимизира приносот, ќе ги намали трошоците и ќе го зголеми профитот. Но со користење на современите информатички технологии овие операции се многу олеснети. Паметното земјоделство базирано на информатички технологии овозможува попрецизно дефинирање и пресметка на променливите и од друга страна ослободување на земјоделецот така што оваа работа ја вршат специјализирани софтверски апликации“, изјави Томовска.

387Таа додаде дека од ИКТ компаниите се очекува со своите идеи и креативност да дадат значаен придонес во воведување на иновативни решенија во оваа област за да се обезбедат посилни и помодерни земјоделски компании, но и поуспешни и попрофитабилни ИКТ компании од друга страна.

На конференцијата ИКТ во агробизнисот  присуствуваа преку 200 учесници, бизнис претставници на агро и ИКТ секторот во Македонија, кои преку предавањата на стручните експерти за иновациски системи во земјоделски стопанства и прецизно земјоделство имаа можност да се запознаат со потенцијалот за зближување на овие две индустрии. Преку презентација на успешни приказни за веќе имплементирани ИКТ решенија агро претприемачите се запознаа со предностите кои иновативните технологии ги носат за нивните компании, а ИКТ секторот подетално ги согледа потребите на земјоделската индустрија.

Традиционално, ПроКредит Банка како лидер во финансиска поддршка на агро секторот ги награди најуспешните иновативни компании во Македонија за 2016 год: Кадино Индустри Груп за прва лабараторија во Македонија за испитување на хемиски и физички својства на пченицата и брашното, Антхура МК за единствена компанија во нашата земја
која користи современи технологии за лабараториско производство на орхидеи, Еуропеан Плантс за уникатен начин на обликување и одгледвуање на декоративни дрва и растенија  и Агрофила за единствен производител на ладно цедено масло кое е термички и хемиски необработено.

Наградените пртприемачи се пример за успешна имплементација на иновативни технологии и даваат придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.

Присутните на настанот имаа можност за вмрежување со потенцијални соработници од двете индустрии на сесијата за Б2Б средби, а финансиските институции, вклучувајќи ја и ПроКредит Банка ги претставија можностите кои претприемачите ги имаат на располагање за пристап до финансии

за нивните иновативни проекти.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×