Илинденска Македонија е можно име, се огласи и Каракачанов
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По вчерашната информација дека новиот предлог за името за кој вчера во Софија разговарале премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, е „Република Илинденска Македонија“, се огласи лидерот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, кој е вицепремиер на Бугарија.

Тој изјави дека Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија што вчера било разгледано меѓу лидерите на Македонија и на Грција.

„Илинденска Македонија сум чул, исто така и Вардарска, Северна. Илинденското востание е едно бугарско востание, дел од заедничката ни историја“, изјави Каракачанов.

Според него, двете страни се „на една рака растојание“. Каракачанов вели дека Бугарија не претендира на името Македонија, но не сака да се преиначува историјата и да се предмет на прогон луѓето со бугарско национално чувство во Македонија.

„Многу е важно овој вештачки спор да заврши. Во Бугарија живеат повеќе луѓе по потекло од Македонија, отколку во самата Македонија. Историски сме поврзани, како Грција и Кипар, и Србија и Црна Гора“, вели Каракачанов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×