Илир Села: Македонија треба да ги прифати стартап компаниите како “Слајс” и да создаде јасни програми за нивна поддршка
Објавено на од во Економија
Slice Life, американскиот стартап на дебарчанецот Илир Села, по САД, Белфаст, Дебар и Охрид, отвори своја канцеларија и во Скопје, што е третата канцеларија во Македонија на оваа копманија, што е редок успех за македонски стартап.
Отворањето на петтата канцеларија, покрај Њујорк, Дебар, Охрид и Белфаст, за компанијата претставува проширување што ќе овозможи натамошен раст.
Оперативната база на компанијата е во Македонија од каде се одвиваат останатите активности во САД и Ирска. Со ова проширување Слајс брои 400 вработени, а проекциите на компанијата се 600 до крајот а 2019 и 1000 до 2020 година, а за почетоците, развојот и перспективите на компанијата, Капитал разговараше со основачот на компанијата, Илир Села.
slajs-ilirКако дојдoвте до идејата за Слајс?
Растејќи со моите родители и баби и дедовци во индустријата за пици, успеав да ги видам од прва рака предизвиците за водење мал бизнис. Значи, кога порастот на популарноста на онлајн нарачки почна да се оформува и националните синџири почнаа да го шират нивниот бизнис на дигитално ниво, сфатив дека може да има можност за семејните бизниси да го сторат истото – што не само што ќе им биде олеснување во предизвиците на водење бизнис, но исто така ќе им овозможи на локалните продавници да се натпреваруваат во променливата индустрија. Во 2010 година започнав со Слајс (првобитно наречена “MyPizza.com”) со единствена цел обединување на локалните пица – добавувачи, на сите сопственици, под една платформа за да можат да работат заедно, да учат едни од други и да ги искористат економиите во обем, за да победат против националните синџири кои ги тргнаа надвор од бизнисот.
Инвестицијата во земјата ја правите во година водена од ветувањето за подобра економија, но и голема неизвесност. Кои беа вашите аргументи “за” и “против” пред да одлучите за овој чекор?
Нашиот тим во Македонија го поддржува нашиот бизнис во САД и тие се неверојатни во тоа што го прават. Отсекогаш сме фокусирани на нашиот пазар и како можеме да продолжиме да се зголемуваме. Како резултат на тоа, ние не сме во голема мера погодени од политичката несигурност.
Дали користите субвенции од македонската влада?
Не. Операцијата е целосно финансирана од Слајс.
Како ја оценувате климата за развој на бизнисот во земјата и кои се предизвиците со кои се соочувате во процесот на отворање на претставништво во Скопје?
Работевме во Македонија веќе неколку години, со канцеларии во Дебар, Охрид, а од неодамна, во Скопје. Нашиот тим успешно ја докажа способноста да започне и да ги прошири операциите во земјата, што ни помогна да избегнеме многу предизвици. Остануваме возбудени за можностите да продолжиме да се шириме во Македонија и да ги поздравуваме партнерствата низ целиот одбор.
Што мислите, дека е од клучно значење за Македонија да стане пофлексибилна кон стартап и претприемачи, со цел да се здобијат со уште повеќе успешни приказни како што е Вашата?
Верувам дека Македонија треба да ги прифати старт ап компаниите како што е “Слајс” и да создаде многу јасни програми, да покани меѓународни стартапи да започнат со работа во земјата. Денес чувствуваме дека има многу непознати. Идеално, би сакале да имаме организација во рамките на Македонија која служи како партнер за Слајс во навигацијата на сите различни предизвици и можности кои постојат локално. Одличен пример за ова е Инвест Северна Ирска (https://www.investni.com/), кој е партнер на Слајс во Северна Ирска, каде што имаме инженерски тим во градот Белфаст.
Кои се вашите проценки за идниот развој на вашиот бизнис?
Во Слајс, планираме да продолжиме да ја поттикнуваме заедницата на пицериите за мал бизнис со скалирање од 11.ооо локации до 30.000 локации низ целата земја и на крајот на меѓународните пазари. На овој начин, ние можеме да ги поттикнеме сопствениците на локалните бизниси на решенија кои ги водат кон ефикасноста и економиите на обем. Ние планираме да ја пренесеме таа вредност на потрошувачите во форма на квалитет и погодност – во крајна линија да се направи квалитет, локалната пицерија подостапна за секого.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×