Илјадници луѓе на масовниот граѓански протест пред Влада
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Граѓански здруженија, невладини организации и политички партии, меѓу кои и најголемата опозициска партија, СДСМ, денеска во Скопје пред зградата на владата на Македонија организираат протестен собир под мотото „Граѓаните за Македонија“.

Илјадници граѓани од повеќе градови од Македонија пристигнаа на протестот во Скопје. Некои медиуми јавуваат за засилени контроли и проблеми по пат.

 

На протестите, кои се поддржани од уште 14 политички партии,  присуствуваат и неколку европратеници од социјалдемократскиот блок меѓу кои и поранешниот известувач за македонија во Европарламентот Ричард Ховит, поранешниот премиер на Бугарија, Сергеј Станишев, Кнут Флекенштајн, потпретседател на групата социјалисти во Европскиот парламент, кои ќе говорат на денешниот протест. 

Протестот го подрржуват и Студентскиот пленум, движењето „#Протестирам“, левичарското движење „Солидарност“, но и граѓаните кои со месеци протестираат поради обврската да плаќаат парно иако се исклучени од мрежата на БЕГ. Студентите во 13 часот тргнат од платото на универзитетот „Кирил и Методиј“, за да се сретнат со членовите на останатите движење пред Основниот суд Скопје 1, од каде сите заедно се упатија пред Владата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×