Илјадници Романци протестираат против обидот на Владата да ја декриминализира корупцијата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

prИлјадници Романци протестираа синоќа против плановите на Владата да ја декриминализира злоупотребата на службената положба во некои случаи. Според опозицијата, вонредниот указ што предвидува и помилување на околу 3.500 затвореници, ќе ја попречи борбата со корупцијата.

Една од мерките што ги предлага Владата е да биде декриминализирана злоупотребата на службена положба ако штетата за државата од истата е помала од 44.000 евра (200.000 романски леи).

На идеите на социјалдемократската Влада на премиерот Сорин Гриндјану се спротиставија претседателот на државата, Врховниот суд, антикорупциската агенција и Агенцијата за борба со организиран криминал.

Повод за критика е и што Владата во случајот сака да го заобиколи Парламентот и мерките да ги наметне со вонреден владин указ.

Меѓу овие мерки се и помилувањето на затворениците осудени на помалку од пет години затворска казна; намалување на половина на пресудите на затворениците кои се повозрасни од 60 години, стадаат од смртоносни болести, или кои имаат деца за кои треба да се грижат.

Над 15.000 Романци протестираа во Букурешт, а демонстрации имаше и во други романски градови.

Протестантите скандираа „Во демократијата крадците се во затвор“.

На протестот на централниот плоштад во Букурешт беше и претседателот на државата, Клаус Јоханис.

Демонстрантите ја обвинија Владата на Социјалдемократската партија и на Алијансата на либералите и демократите, дека се обидува да го насочи законодавството во корист на лидерот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа. Последниот, по изборите во ноември, беше оневозможен од претседателот Јоханис да стане премиер, поради тоа што Јоханис одби да прими номинација на осудуван политичар. Претходно Драгнеа беше осуден за изборни злоупотреби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×