Илон Маск најави туристички лет до Месечината веќе во 2018 година
Објавено на од во hi-tech & business

Од Земјата до Месечината и околу Месечината, со приватен вселенски брод, и патници кои не се астронаути. Ова ветува дека ќе го оствари по година и половина американскиот претприемач Илон Маск.

За патувањето е планирана капсулата Dragon, монтирана на ракетата Falcon Heavy, на компанијата Space X.

Двајца луѓе кои не се астронаути на NASA нѐ побараа во компанијата, подготвени да платат за да се вклучат во ваква мисија – тие навистина се сериозни во намерите и веќе платија „значителен депозит“, изјави Маск.

Тој на ова гледа како на „значителен извор на приходи“, и очекува 1-2 вакви летови годишно, да носат 10-20% од заработката на Space X.

Во соопштение од компанијата се вели дека летот без слетување ќе трае околу една недела. Капсулата само ќе помине блиску до површината на Месечината.

Двајцата „месечеви“ туристи чии имиња не се познати, веќе се запознале и подоцна годинава ќе почнат со обуки и тренинзи.

„Ова е можност луѓето да се вратат во длабоката вселена првпат по 45 години, и тие ќе патуваат побрзо и подалеку во Сончевиот систем од кога и да е претходно … додека продолжуваме со работата за целта – да одведеме луѓе до Марс“, вели Маск.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×