Илон Маск: Неизбежно е да излеземе од ерата на фосилни горива
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Според основачот на Tesla Motors, Илон Маск, фосилните горива многу брзо може да бидат заборавени, ако на средбата за климата во Париз светските политичари донесат правилни решенија. Тој смета дека преминот кон енергија од обновливи извори може да се реализира за околу две децении.

„Ќе излеземе од ерата на горива од ископ. Тоа е неизбежно“, рече Маск, говорејќи пред студенти во Париз. Една од првите мерки треба да биде, смета претприемачот, укинувањето на 5,3 илјади милијарди долари годишно, колку што владите даваат во форма на субвенции за секторот горива од ископ. Маск предлага владите да си постават горна граница за јаглеродни емисии и да си одредат данок за нејзиното надминување.

„Кога ќе им ставиме цена на јаглеродните емисии , коригираме ценовна грешка на пазарот. Секоја сума е подобра од нулата што ја имаме во моментов“, смета тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×