Илон Маск објави нов десетгодишен Master Plan за Tesla – претходниот го оствари
Објавено на од во hi-tech & business

Доцна синоќа по наше време на интернет страницата на Tesla се појави Master Plan, Part Deux, документот со кој Илон Маск ја дефинира идината на својата компанија.

Овој план следува десет години по првиот, што го вклучуваше развојот на електричен автомобил, па неговото поевтинување за помасовно купување, како и производството на енергија од соларни ќелии.

Првиот план е исполнет, и Маск вели дека дошол ред за нов.

А новиот се состои од четири клучни теми – се фокусира на обновливи извори на енергија, на одржливост, на екологија и на sharing економија.

Master Plan-от вели дека Tesla наредниве десет години ќе се обиде да го оствари следново:

- изработка на соларни покриви со вграден батериски систем за складирање енергија;

- проширување на постоечката понуда на автомобили за да се покријат сите важни сегменти (ќе има и компактен теренец, пикап камион, поевтино возило од Model 3);

-развој на автономно возење што ќе биде 10 пати побезбедно од она што можат да го постигнат возачите-луѓе, и тоа преку технологија на машинско учење врз база на голема флота возила;

-овозможување возилото да заработува пари за својот сопственик додека тој не го користи (секој сопственик на Tesla во иднина ќе може многу едноставно своето возило да го даде под краткорочен наем).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×