Илон Маск првоаприлски објави банкрот на Tesla
Објавено на од во hi-tech & business

„И покрај напорите за прибирање средства, вклучително и очајна масовна продажба на велигденски јајца, со тага соопштуваме дека Tesla банкротира целосно и тотално. Дотолку, што не можете да поверувате“.

Со овие зборови милијардерот Илон Маск се обрати кон своите следачи на Твитер вчеравечер.

Неколку часа претходно објави дека треба да се чекаат „важни вести“ во следните неколку часа.

Маск продолжи со уште два твита во истиот дух, додека на крајот првоаприлски не ги поздрави корисниците на Твитер.

Во последниот од овие твитови, тој дури напиша дека бил најден во бесознание покрај Tesla 3, заобиколен од шишиња Teslaquilla, со траги од солзи по образите.

Но, настрана од првоаприлската шега, агенцијата Moody’sго симна рејтингот на Tesla Motors до нивото B3 минатата седмица, со негативна (наместо досегашната стабилна) перспектива поради забавувањето на производството на Model 3 и финансиските потешкотии.

Претходно Tesla врати 123 илјади автомобили Model S поради фабрички дефекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×