Илон Маск сака да гради подземен Hyperloop
Објавено на од во hi-tech & business

Најновата опсесија на Илон Маск, покрај досегашните како патувањата на Марс, оперативен систем за мозокот …, се тунелите. Поточно, евтино и ефикасно дупчење на подземни тунели што би служеле за транспорт и за намалување на градските метежи. За да оствари својата идеја за мрежи од тунели во кои возат автомобили на посебни автономни „колички“, Маск ја основаше компанијата The Boring Company и почна да копа.

Сега има нова идеја, а познавајќи го овој иноватор и претприемач, тој кога нешто ќе намисли многу брзо почнува да го спроведува во дело. Маск сега сака да го поврзе источниот брег на САД, од Њујорк, преку Филаделфија и Балтимор, па до Вашингтон, така што ќе ископа подземен тунел и во него ќе смести Hyperloop. Маск првпат споменува дека ќе гради Hyperloop – досега оваа работа им ја препушташе на други. 1-lSV947jnE0keQP3YxXDdIQ

За овој проект веќе добил „усно одобрување“ од одговорните, и веста ја објави на својот Twitter профил. Hyperloop би ги поврзувал центрите на споменатите градови, но на таа, околу 350 километри долга релација, би имало и други станици – повеќе од десетина. Патувањето со посебните вагони од Вашингтон до Њујорк во подземна цевка со низок притисок би траело 29 минути, пресметал Маск. Capture

Сместувањето на Hyperloop под земја би решило неколку проблеми со кои моментално се борат инженерите во другите компании што го развиваат овој систем за превоз, како заштитата на цевките од пробивање (на пример, со куршум), потоа, би биле минимизирани деформациите (на цевката) поради промените на температурата; а можеби и малку би ги намалило трошоците.

Подземното решение, пак, си носи други проблеми, како проблематичната евакуација во итни ситуации …

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×