Имаме вода, не знаеме како да му ја продадеме на светот
Објавено на од во Економија
water_to_drinkМакедонија годишно извезува флаширана вода во вредност од нешто над 200.000 евра. тоа е поразително низок извоз, во споредба со богатите природни потенцијали кои Македонија ги поседува. Проценките се дека побарувачката на флаширана вода во наредните години рапидно ќе расте, а тоа е одлична можност за максимално искористување на природните потенцијали на Македонија. Најголемите играчи во овој бизнис велат дека за тоа да се случи треба да се реши загатката со скапиот транспорт и промовирање на брендот, а државата да ги тргне пречките со концесиите и со нецаринските бариери за извоз.

„Водата е бизнис на иднината, а земјите кои го имаат овој ресурс во иднина би требало да се богати како денешните земји производители на нафта“. Оваа проценка ја потврдуваат сите релевантни истражувања и институции кои се занимаваат со оваа проблематика, а нивните предвидувања се базираат на следните бројки. Според податоците на Обединетите Нации во последните 100 година потрошувачката на питка вода се зголемува по стапка два пати поголема од стапката на пораст на популацијата. Нивната претпоставка е дека во идните две столетија светските потреби за вода ќе се зголемат за 650%.

Дел од земјите во регионот кои слично на Македонија се богати со вода веќе го препознаа овој тренд и се зафатија со освојување на туѓите пазар. Најочигледен пример за тоа е Хрватска, каде според официјалните податоци во изминатата 2014 година се произведени 347 милиони литри флаширана вода, од кои се извезле 71 милиони литри, што е 9% повеќе во однос на 2013 година кога извозот изнесувал 65 милиони литри. Бројот на извозници во оваа земја за една година се зголемил за 42,9%. Колку за споредба, извозот на вода од Хрватска во изминатите две години не бил поголем од 10 милиони литри, што приближно исто колку и во Македонија.

Вакви или слични успешни приказни можат да се најдат и за Србија, Словенија, Босна, но за жал се уште не и во Македонија….

За увоз на вода трошиме два милиони евра

bottles_waterОфицијалните статистики поврзани со Македонија и водата благо речено се поразителни. Имено, кога се работи за обична флаширана вода земјава во текот на првите девет месеци од 2015 година извезла минимални количини на вода во вредност од 215.000 евра. Наспроти тоа, за увоз на вода во првите три квартали од 2015 година се потрошиле два милиони евра.

Според некои неофицијални проценки, во Македонија се трошат 100-120 милиони литри пакувана вода за пиење годишно. Од нив околу десетина милиони литри доаѓаат од увоз.

За земја која изобилува со ресурси на питка вода овие статистики се поразителни. Тоа го сметаат и поголем дел од произведувачите на вода кои за Капитал ги кажаа причините за ваквата состојба….

„Ако кажеме дека пречките лежат само во државата или во другите држави, нема да сме до крај објективни“. Вака го почна разговорот Митко Јанчев, сопственик и раководител на „Кожувчанка“. Според него, причините за ваквите состојби лежат во повеќе фактори, но пред се треба да се бараат и во самите производители.

„Во Македонија пред се нема традиција за производство, а особено за извоз на вода. Замислете, првата негазирана флаширана вода се појави пред пет или шест години. Тоа ќе се согласите е релативно краток период. Македонците едноставно уште немаат научено како со вода да освојат странски пазар. Како второ, овој бизнис барем засега носи навистина мали профити, а е доста скап и ризичен. Како трето, условите за производство на поголеми количини на вода во Македонија знаат да бидат и проблематични. Ние како компанија која има искористено 100% од количините на примарниот извор на вода, цели три години чекаме за добивање на концесија за втор извор кој е на 50 метри од првиот. Тоа дефинитивно ги отежнува работите. И како четврто, земјите во кои би требало да извезуваме на секој можен начин си го заштитуваат домашното производство и гледаат што повеќе да ни го отежнат нашето напредување таму“, вели Јанчев.

Сепак и покрај се Јанчев и неговата компанија интензивно вложуваат во производството на негазирана вода, бидејќи сметаат дека среднорочно и долгорочно тој бизнис навистина ќе се развива.

„Фактот што ја поседуваме единствената наменска лента за флаширање на негазирана вода во Македонија во која вложивме 1,6 милиони евра и фактот што имаме раст поголем од 100% во продажбата на овој сегмент најдобро зборува во која насока планираме да се развива. Сметам дека и пречките за извоз со секоја наредна година се повеќе ќе се намалуваат, а ако зборуваме за наредните 50 години, сигурно е дека тој што ќе има квалитетно производство на вода нема да има никаков проблем да го пласира било каде во светот“, вели Јанчев.

Неговиот колега Кристијан Ѓоргиев од виничката компанија Центрофрути, уште подетално ги објасни тешкотиите на овој сектор.

„Скапиот транспорт и уште поскапите инпути се дефинитивно двете најголеми пречки зошто нема извоз на вода од Македонија. Со ампули и гранулати кои ги увезуваме од земји надвор од регионов не можеме да сме конкурентни на странските пазари. Но, бидејќи тоа нема да се смени во скоро време, мислам дека треба да се посветиме на поевтинување на транспортот. Водата е тежок и габаритен производ кој е многу ограничен со транспортот и затоа ова во иднина ќе е клучниот фактор дали ќе се извезува или не вода од Македонија“, вели Ѓоргиев.

Генералниот директор на Кодинг, Димитар Костадинов можноста за поголем извоз на вода од Македонија ја гледа пред се во нашето соседство Косово, Албанија, Србија, Босна, Црна Гора и Хрватска.

„Иако мора да се напомене дека конкурентската битка на овие пазари е маКедонија: има потенцијал нема идеи и инфраструКтура многу поостра и посериона од онаа во Македонија. Големите производители од овие држави се присутни и на нашиот пазар а конкуренсткото портфолио го надополнуваат голем број на локални производители кои се прилично добро етаблирани на одредени пазарни сегменти. Од друга страна, пак, влијанието и притисокот на големите странски производители, на царинските служби и другите државни органи за заштита на домашното производство дополнително го отежнуваат навлегувањето на странските пазари“, објаснува Костадинов.

Според него, што се однесува до земјите од Блискиот Исток, иако се извезуваат одредени количини по потреба далечината ја намалува конкурентноста. „Долгото време за транспорт е уште една дополнителна пречка, И таму може да се очекуваат мали количини за продажба. Најчесто македонските производители извезуваат таму каде што има наши иселеници, поради врски со татковината нашите производи се посакувани и барани“, вели Костадинов.

Сепак и во Кодинг, слично како и во Кожувчанка и Центрофрути, дополнително се инвестира во ширење на производството, бидејќи веруваат дека водата е бизнис на иднината.

„Може да најавиме дека веќе сме во завршна фаза на лансирање на нова линија производи со што ќе сме помеѓу ретките во регионот по ваков тип на производ. Паралелно работиме и на развој на асортиманот во рамките на постоечките линии на производи со што ќе се потрудиме да ги задоволиме и најпребирливите потрошувачи т.е. и оние микро сегменти за кои сме свесни дека не носат голема заработувачка. Но, нас сите потрошувачи ни се значајни”, вели Костадинов.

Пречки на кои се жалат производителите на вода

water_making-          присуството на големите регионални играчи со својата веќе освоена доминантна позиција

-          нелојалната конкуренција предизвикана од големиот број на мали локални произведувачи на вода

-          големи транспортни трошоци

-          нецарински бариери

-          долгото чекање на потребните дозволи за пласман на производот на пазарите во регионот

Македонија има огромен неискористен воден потенцијал

Mакедонија има 6,5 милијарди кубни метри вода од кои 85% извираат кај нас што е голема предност во поглед на меѓународното право на користење на водите. Само охридското езеро во моментов има по 10 литри вода за секој жител од планетата земја.

Европјаните најмногу трошат флаширана вода

Water-DrinkingИндустријата на флаширана вода во рамки на европската унија има вкупен обрт од 12, 4 милијарди евра. Потрошувачката на вода во флаша во ЕУ изнесува 52 милијарди литри годишно, а Европа има најголема потрошувачка по глава на жител, дури 103,3 литри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×