Индекс на глобални иновации: Швајцарија – најиновативна држава во светот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Швајцарија е најиновативната земја во светот, според Индексот на глобални иновации.

сњиссОвогодинешниот иновациски индекс, што ја мери состојбата на иновации во светот од година во година, опфаќа 129 земји. На врвот по Швајцарија следуваат Шведска и САД.

За позиционирање, авторите оценуваат   институции, човечки капитал и истражувањата, инфраструктурата, пазарот, бизнисот, знаењето/технологијата и креативниот ефект на набљудуваните земји.

Во однос на земјите од регионот, Хрватска е рангирана на 44-то место, Црна Гора 45, Македонија 59, БиХ 76 и Албанија 83.

Кина (14 место) е единствената земја со средно висок доход што е во 20 најиновативни, додека Индија (52 место) се смета за земја која од 2011 година го зазема првото место меѓу земјите од Централна и Јужна Азија (делумно благодарение на извозот на ИКТ услуги и дипломирани студенти по инженерство и природни науки).

Општ заклучок на извештајот е дека светот е под влијание на економското забавување на средниот интензитет како резултат на ослабениот економски раст, рекордно низок раст на продуктивноста и економска несигурност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×