Индија воведе царини за американски производи, Трамп бара повлекување
Објавено на од во Политика

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот побара од Индија да ги повлече одмаздничките тарифи што ги наметна Њу Делхи овој месец, нарекувајќи ги царините “неприфатливи”.

india_and_us_660_062619122834Индија постави повисоки царини на 28 американски производи по повлекувањето на Вашингтон овој месец од клучните трговски привилегии за Њу Делхи.

“Со нетрпение очекувам да разговарам со премиерот Моди за фактот дека Индија, со години става многу високи царини на увозот од САД, и неодамна ги зголемија царините уште повеќе”, рече Трамп на Твитер.

“Ова е неприфатливо и царините мора да се повлечат!” рече Трамп, кој ќе се сретне со Моди на самитот на Г20 оваа недела во Јапонија.

Забелешките на Трамп би можеле дополнително да го влошат трговскиот спор меѓу Индија и САД и да создаде раздор во длабочината на нивниот безбедносен сојуз.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој беше во средата во Њу Делхи, се обиде да ги намали зголемените трговски тензии со Индија, ветувајќи нов фокус на преговорите за подобри врски, но давајќи малку детали за тоа како ќе ги надминат споровите околу трговијата и инвестициите.

Трамп ги укина трговските привилегии за Индија во рамките на Генерализираниот систем на преференции (ГСП), според кој Њу Делхи беше најголем корисник на кој му беше овозможен бесцарински извоз до 5,6 милијарди долари.

Индија првично издаде наредба во јуни минатата година да ги зголеми царините за увоз до 120% на бројни американски продукти, предизвикани од одбивањето на Вашингтон да ја ослободи Индија од повисоките царини за челик и алуминиум.

Трговијата меѓу овие две земји изнесуваше околу 142,1 милијарди долари во 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×